Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : hahaha
Tanjushkaa : https://www.facebook.com/photo.php?fbid=308995482516513&set=a.253087211440674.62879.252414188174643&type=3&t
Tanjushkaa : se ukochif raka mi padna:D
Smileforever : ете сакав да пишам
»
 
butterfly
10.01.12 @ 14:56
Прегледи: 470

Бившиот од минатото Господин Вистински денес?

article logo image

Екс... колку софистицирано звучи тоа.

Или можеби... амерички?

Едноставно викаат како сакаш врти го, како сакаш викај го бивши си е бивши.

Некогаш кога ќе се спомни име на некој кој влегол гордо или пак неславно во вашата листа на бивши можеби и помислувате на епитетчиња од типот на: кретен, идиот, Господин „не заслужува внимание“, мамино синче, лажго, насилник, лицемерен и се така до недоглед во зависност од причината поради која завршил во корпата на „валкан веш“, но мене лично подраго ми е кога имам за некој од нив добро сеќавање, скромно префинето епитетче и пофален збор.

Не дека навистина сите чинеле, и не дека за сите имам да кажам нешто добро и позитивно (за жал) но некогаш самата етикета „БИВШИ“ или изамериканизираното „ЕКС“ ме тера да се соочам со онаа или оние работи кои биле причина за таквата етикета.

Па и добра е онаа: „Да чинеше, немаше да биде бивши“.

Потполно се согласувам.

Но што со она кога минатото се враќа а бившиот повторно ти се насмевнува, ти праќа поздрав и пијачка, ти се јавува да те праша како си... едноставно повторно се појавува во твојата сегашност.

Доколку и не бил толку лош, или бил најдобар од лошите, треба ли да го пуштиме и во нашата иднина?

Навистина, никој не може да знае што ќе му се случи утре но дали таквата врска би била едно дежа ву или сосема нова епизода можеме само да си претпоставуваме, се разбира, додека не го искусиме вкусот на таквото задоволство повторно да се биде со бившиот.

Некои сега би рекле: „Да се вратиш на бившиот е исто како да читаш книга на која веќе и го знаеш крајот“. А јас, искрено, никогаш не сум започнала да читам било која книга доколку пред тоа не свртам и не ги прочитам последните пет страници од истата.

Тогаш би значело дека враќањето на бившиот и не е така лошо.

Сепак, доколку не пробаш никогаш нема да знаеш, а и не мора строго по правило да значи дека секој бивши би бил одличен избор за нова врска денес.

И колку врската би била нова? Го знаеш кој е, каков е, што ти згрешил, што си му згрешила, му ги знаеш навиките... што би рекле, му го знаеш паметот.

Но и тоа е позитивно гледано онка во целост, барем не почнуваш да градиш од почеток туку се трудиш да создадеш совршенство како од бајка на веќе поставени темели.

И тука би завршила со уште една мисла која неодамна ја слушнав во филм: „Бившиот од минатото можеби е Господин Вистиснки сега!“

Не верувам дека истото вжи за сите бивши, но верувам во романтични филмови и во моќта на женската перцепција.



with <3
butterfly 

#
Рејтинг: 17
Објави на Facebook
manuel4eto - 10.01.12 @ 16:12 Re:Бившиот од минатото Господин Вистински денес?

Preubavo !

srcka-ta - 11.01.12 @ 15:01 Re:Бившиот од минатото Господин Вистински денес?

Преубаво напишано! (:

kittyboo - 11.01.12 @ 16:17 Re:Бившиот од минатото Господин Вистински денес?

Точно дека да му се вратиш на бившиот и не е секогаш така лошо,но зависи од личноста,дали тој навистина заслужува да му се вратиш или тоа ќе биде само губење време барајќи го совршенството,барајќи тој да се смени и да биде се` како што треба.
Преубаво и преточно напишано :)  

 

maree - 11.01.12 @ 16:41 Re:Бившиот од минатото Господин Вистински денес?

Предобар натпис. 

Анонимна - 15.01.12 @ 05:09 Re:Бившиот од минатото Господин Вистински денес?

ТОА Е ТОА!
Дечкото за кој мислев дека е најлошиот и ме повреди сватив дека сепак не бил толку лош.. му дадов втора шанса бидејки секој ја заслужува и тој е премногу сменет, идеме веке 6 месеци, и супер ни е !
ТЕКСТОВ е преубав, немам зборови!
Сетоа ова е едно животно искуство!
Браво :) 

lallyy - 22.01.12 @ 20:52 Re:Бившиот од минатото Господин Вистински денес?

Ова е сосема точно,можеби не сите бивши ја заслужиле картата за повторно да влезат во живтотот на поранешната девојка но има и такви кои во минатото можеби не се докажале доволно а денес се вистински господа.Така да,и не е  така лошо да му дозволите на бившиот повторно да влезе во вашиот живот.Искуството ме натера да го кажам ова,инаку уште еден прекрасен натпис butterfly :*