12.01.12 @ 19:47
Прегледи: 687
Полово преносливи болести

Секој ден прашувате.
Знам дека не ви е јасно кои се, и што се.
Дајте да ги објасниме и делете го линков штом некој праша.
1. ХПВ инфекции
ХПВ инфекцијата е најраспростанетата полова болест. Предизвикувач е ХПВ вирусот и се пренесува преку сексуален однос, но и само со допир на заразена кожа или слузокожа. Вирусот има повеќе од 80 идентифицирани варијации, а 4 од нив се екстремно опасни бидејќи можат да предизвикаат рак на грлото на матката. Околу 30 од нив предизвикуваат полни брадавици, уште наречени и кондиломи.
Инфекцијата може да биде латентна (без клинички манифестации), и продуктивна. Карактеристиките на продуктивната се појава на генитални брадавици, а кај жените покрај нив може да има промена на грлото на матката и ѕидовите на матката.
Промените можат да се видат при колоскопски преглед.
Кај двата пола, симптомите најчесто се безболни, мали брадавици и пецкање и чешање во пределот на половиот орган и аналниот отвор. Многу е битно да се води сметка за општото здравје, бидејќи при пад на имунитет, инфекцијата се влошува.
Потребен е преглед на двајцата партнери, а сексуални односи се дозволени само со презерватив.
Лечењето се состои во отстранување на брадавиците и санирање на вагиналната инфекција. Изборот на терапијата зависи од големината и местото на промените. Ако се наоѓаат на површината на органите и се со мали димензии, се применува локално премачкување со „подофилин“ и трихлороцетна киселина, или пак отстранување со ножици и скалпел. Исто така, можат да се отстранат со ласер, електрокоагулација, радиобранови и криотерапија. Новина против оваа болест е вакцината „Gardasil“, наменета за девојчиња и девојки од 9 до 26 години. Вакцината „Cervarix“ има слична намена, но е за жени до 45 години.
2. Кламидија
Ја предизвикува Chlamydia trachomatis, се пренесува преку сексуален допир, или од мајката на детето при породувањето. Во светот е второзастапена болест.
Со оглед на тоа дека симптомите се многу благи, скоро неприметни (пецкање при мокрење, појачан секрет), а често и воопшто ги нема, стручните лица советуваат редовен преглед за лицата кои редовно менуваат партнери. Кај жените предизвикува воспаление на слузницата на грлото на матката, а може да се прошири и на внатрешните генитални органи. Ако не се лечи, може да доведе до стерилитет. Лечењето е едноставно, со антибиотици како, на пример „доксицилин“ и „сумамед“.
3. Гонореја / трипер
Има слични симптоми како кламидијата и понекогаш може да се направи грешка, па да се заменат овие болести. Замената може да претставува голем проблем, бидејќи се лечат на сосема различни начини. Гонорејата се открива со земање примерок, со тест на боење или ELISA тестирањето. Се лечи со антибиотици, но мора да се знае дека бактеријата која ја предизвикува оваа болест има голема моќ на адаптација и затоа, може да биде имуна на некои лекови.
4. Сифилис
Тоа е бактериско заболување, а најчесто се пренесува преку сексуален однос. Може да се пренесе и преку рани на кожата или преку употреба на иста игла.
Првиот симптом на оваа болест е рана на кожата која се вика „шанкр“, најчесто во гениталната област. Во вториот стадиум се јавува осип по кожата, а може да се јави и благо повишена температура, отечено грло и лимфни јазли, губење на телесната тежина и опаѓање на косата во кругови. По оваа фаза следува латентниот стадиум, но ако не се лечи, може да премине во најдеструктивниот облик - терцијарен сифилис. Тој предизвикува проблеми со срцето и крвните садови, ментални потешкотии, слепило, прогресивна парализа и на крај - смрт.
5. Срамни вошки (народно: пицајзли)
Латински - pedikulis pubis, спаѓаат во категорија на инсекти кои се хранат со човечка крв и многу брзо се размножуваат. Живеат во предел на гениталиите, но можат да се „преселат“ и под пазувите, во косата... Многу е тешко да се видат со голо око, но нивните јајца можат да се воочат. Бело-жолти точки залепени за срамните влакна. Има специјални креми и шампони за нивно отстранување, а јајцата можат да се отстранат со посебен чешел или целосно отстранување на влакната.
6. Трихомонијаза
Ја предизвикува паразитот Trichomonas vaginalis.
Мажите обично немаат симптоми, но жените добиваат зелено-жолт исцедок со многу јак мирис, болка при мокрење и чешање во пределот на гениталиите. Ако жената пренесува трихомонијаза, ќе заболи 40-50% од своите партнери, но од мажот на жените се пренесува и до 85-90%. Се лечи со „метронидазол“. Оболените имаат поголем ризик да заболат и пренесуваат ХИВ вирус.
7. Микоплазма
Бактерија која природно се наоѓа во човековиот организам. Најчесто ги има во слузницата на респираторниот и гениталнот тракт. Може да предизвика инфекција: вагинитис или уретритис.
8. Уреаплазма
Кај жените може да доведе до воспаление на вагината и на вратот на матката. Предизвикува стерилитет, спонтани абортуси, инфекции на плодот, а и смрт на плодот во матката. Кај мажите - намалување на движењето на сперматозоидите.
Се зема брис, а најчесто се препишува „еритромицин“ односно, „тетрацкиллин“.
9. Генитален херпес
Го предизвикува herpes simplex вирусот, тип 2, и карактеристичен е по болните пликови во областа на гениталиите. Изгледаат слично како херпесот на устата. Многу е заразен. Самиот допир на кожата го пренесува, не мора да се има секс.
Симптоми: повишена температура, главоболка, слабост, пликови кај гениталиите, јадеж, болка, отежено мокрење, зголемени лимфни жлезди. Пликовите се претвораат во красти, стојат 7-11 дена и се повлекуваат сите симптоми. Тоа не значи дека е излечено.
Може пак да се активира се’ одново. Не постои лек, бидејќи ова не се отстранува. Но, може да се контролира со лекови како „зовиракс“ и „ацикловир“.
10. Хепатитис Б
Се пренесува преку сексуален однос, заразени игли и од мајката на детето додека е бремена. Кај повеќе од 80% од возрасните луѓе, организмот сам ќе се одбрани. Постои акутен (трае помалку од 6 месеци) и хроничен облик. Црниот дроб ќе пати од постојани воспаленија и ако не се лечи, преминува во цироза или рак. Се открива со тестирање на крвта.
11. Хепатитис Ц
Исто така има акутен и хроничен облик.
Се пренесува исклучиво преку крвта.
Може да се пренесе и преку сексуален однос, во ретки случаи.
Во акутна фаза не се лечи, а во хронична се користи лекот „пегазис“.
Но, лекот има и многу несакани дејства.
12. ХИВ
Вирусот се вика ХИВ, а болеста СИДА.
Додека ХИВ да се развие во СИДА поминуваат 8-13 години.
ХИВ-от ги напаѓа клетките на имуниот систем и ја слабее нивната функција. Еден чобек има СИДА кога оранизмот ќе ослабее до тоа ниво и почнат да се развиваат „опортунистички инфекции“. Се пренесува преку било каков сексуален однос, од мајката на детето преку бременоста и со користење на иста игла. Нема лек за оваа болест. Има терапии за подобрување.
Кондомот штити од пренесување на СИДА. 
*БИЛО КОЈ ЛЕК СПОМНАТ ВО ОВОЈ ТЕКСТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗЕМА НА СВОЈА РАКА!
*ЛЕЧЕЊЕТО НА БИЛО КОЈА БОЛЕСТ МОРА ДА СЕ ИЗВРШИ КАЈ ДВАЈЦАТА ПАРТНЕРИ!
*НЕМА СЛИКИ ОД БОЛЕСТИТЕ ЗА ДА НЕ ГИ ВОЗНЕМИРАТ ПОМЛАДИТЕ!
Учев јас за ова :))) Поучен натпис :) Поздравче.
Potrebno beshe..
mnogumina ne znaat za ova ko na primer ja :DD
Bravo :))))))))))))))))))))))))))))))))))))))
Планирав да пишувам :)
Си била побрза :)
Ми се свиѓа ! (Y)
5. Срамни вошки (народно: пицајзли) ова исто е со тафтабити?
Добар пост инаку.
Не е исто.
Ако имаш некогаш чистено грав, и си видела мали ситни бубачиња со тврд оклоп, тоа се тафтабити. (:
За Кламидија првпат слушнав од филмот Easy A. :))
Поучно. (:
Фала, баш барав за некои од овие болести.Супер што ти текнало да напишеш :)