Share Page
Box
Go Sakam.. aaa Negoviot Najdobar drugar luduva po mene :S:S:S:S da se bide ili ne? ufffff MASKATA G-SPOT help plssssss help???? ZASEKOGAS KE TE SAKAM Kako da go vratam? ljubovnica Slatkaristika Budaloo neli e topp?? Во врска две години--- помош!!! zbuneta raseana ::((( Kako da i dokazam? pomognete!!!!=( HEEEEEEEEEEEEEEEELP kazete mi..... Sto da prvam???? help me
kittyboo
19.01.12 @ 00:16
Прегледи: 1539
Поради често поставуваните прашања на гламстик од типот „Како да се однесувам на првиот состанок?“
* Што да облечете и како да изгледате?
-Смешкајте се,опуштете се и не плашете се да вметнете во разговорот мала доза на хумор.
* За што да зборувате?
* И за крај за сите оние коишто треба за прв пат да го доживеат својот бакнеж.Што и како треба да направите?
19.01.12 @ 00:16
Прегледи: 1539
Прв состанок-прв бакнеж ...


Поради често поставуваните прашања на гламстик од типот „Како да се однесувам на првиот состанок?“
“Како да се мувам?“ „Што да правам?“ решив мојот прв натпис да биде токму за тоа.Се надевам дека ќе ви биде од корист!
Кај девојките постојат многу дилеми околу првиот состанок дали ќе му се допаднете,како ќе се однесува спрема тебе,каков впечаток ќе му оставите,што да облечете,како да се однесувате,што да зборувате и сл.
Најважно е да не се откажете во последен момент,да не доцните и да бидете оптимист бидејќи нема ништо попривлечно од личност која што е добро расположена.

* Што да облечете и како да изгледате?
-Осигурете се дека тоа што го носите е соодветно на местото каде што одите во спротивност би можело целиот состанок да пропадне поради тоа.Замислете да одите на некој спортски настан облечени во фустан и високи потпетици?!
-Обидете се да изгледате што е можно поприродно,знаете дека скоро сите машки не обожаваат шминка сепак ако вие не можете без неа нанесете,но сепак внимавајте да не е многу силна.
-Косата нека ви биде чиста и уредена,ноктите средени и обидете се да ги избегнете парфемите со силна арома.

* Како да се однесувате?
-Смешкајте се,опуштете се и не плашете се да вметнете во разговорот мала доза на хумор.
-Вниманието посветете му го него,не давајте забелешки за другите луѓе околу вас.
-Внимателно со алкохолот.Една или две чаши ќе го подобрат вашето расположение,но се' што е повеќе од тоа ќе ве расее,ќе влијае врз вашите одлуки,а згора на се' ќе ви ја расипе вечерта.И сигурно е дека со тоа нема да му оставите добар впечатокот на момчето.
-Не бидете нападна личност,не зборувајте премногу.Дајте му шанса и на него да каже нешто.
-Бидете тоа што сте,не се преправајте нешто што не сте само поради тоа што знаете дека тој би сакал да го чуе тоа.
-Првиот впечаток може и да лаже,па затоа дајте му шанса да се запознаете подобро,а потоа да одлучите дали е за вас или не.
* За што да зборувате?
-Избегнувајте теми со кои најчесто се влегува во долги и бескрајни дебати.
-Не споменувајте ја темата „бивши“ бидејќи тој може да помисли дека се' уште чувствувате нешто за него и да се оддалечи од вас.Ако во случај тој спомне нешто за тоа тогаш можете само да одговорите „Едноставно не одеше “ и обидете се да ја избегнете таа тема,не откривајте информации прерано.
-Менувајте ги темите за разговор за да не се случи на крајот вие да си зборувате сами со себе,а тој само да кима со главата.
-Не го преоптеретувајте со прашања за да не се почувствува како да е на испрашување.
-Чувајте си едно резервно прашање коешто ќе го искористите кога ќе имате потешкотии со разговорот.

* И за крај за сите оние коишто треба за прв пат да го доживеат својот бакнеж.Што и како треба да направите?
-Основна работа за успешен прв бакнеж е да не се грижите за неговите последици.
-Ако чувствувате страв и трема пред секој бакнеж, тоа задолжително ќе се одрази на квалитетот.Вие ќе се смрзнете,а тој ќе има впечаток дека се бакнува со столб.
-Ослободете ги мислите и концентрирајте се само на бакнувањето.За незаборавен бакнеж е потребно да се предадете на моментот и да го слушате говорот на срцето.
-Не брзајте.Ако одите полека,моментот ќе биде незаборавен.
-Не постојат правила колку брзо да се бакнувате или колку јазик да употребувате.Но,едно правило мора да почитувате!Не бакнувајте секогаш исто!Нема полошо од тоа партнерот да знае што е следно. Изненадувајте го со допири, бакнежи во вратот и лицето, галење по косата, допирање на усните...
-Почнете на свој начин,но следете ја неговата реакција.Следете го ако го менува темпото или начинот на бакнувањето.
-Кога мислите дека бакнежот е при крај,забавете.Отворете ги очите,погледнете го и доделете му уште неколку кратки бакнежи на усните и на лицето.Бакнежот никогаш не лаже,преку него се разменуваат искрени чувства.
Cо помош на чичко Google :)
By: KittyBoo
tanjushkaa - 19.01.12 @ 00:19
Re:Прв состанок-прв бакнеж ...
Потребен беше овој пост.. И кога го прочитаф тоа Чичко Гугл се згазиф Верувај:D
Поззич :*
nataly123 - 19.01.12 @ 15:50
Re:Прв состанок-прв бакнеж ...
Браво за постот! Се надевам дека тие прашаања ќе се намалат.
pokerface - 19.01.12 @ 16:02
Re:Прв состанок-прв бакнеж ...
Браво. Ем што е супер, ем е точно и корисно! :D
maree - 20.01.12 @ 04:01
Re:Прв состанок-прв бакнеж ...
Предобар натпис,навистина ке е од корист ;)
srckuska - 31.01.12 @ 17:51
Re:Прв состанок-прв бакнеж ...
Браво. Еве и јас имам напишано нешто во врска со оваа.. :)
ladescarada - 19.02.12 @ 00:38
Re:Прв состанок-прв бакнеж ...
Браво за постот. Многу добро напишано :))
saneto96 - 28.03.12 @ 16:03
Re:Прв состанок-прв бакнеж ...
да уништам рамнината еве го 51 :)
kikii-04 - 30.03.12 @ 13:43
Re:Прв состанок-прв бакнеж ...
52 Не се битни лајковите битен е постот Браво ;)
