Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : hahaha
Tanjushkaa : https://www.facebook.com/photo.php?fbid=308995482516513&set=a.253087211440674.62879.252414188174643&type=3&t
Tanjushkaa : se ukochif raka mi padna:D
Smileforever : ете сакав да пишам
»
 
inna1
20.11.11 @ 22:00
Прегледи: 694

Што значи да се биде човек?

article logo image

Превземено е од кафепауза. Мислев дека вреди да биди во натписи и сите вие да ги прочитате овие работи.

За некои изгледа многу едноставно, за други пак е тешка и безнадежна борба. Сепак, на почетокот, сите го добиваме истото, во текот на животот мора да се соочиме со истите работи, за на крајот, да сфатиме дека сме се избориле најдобро што сме можеле. Овие правила важат за сите:

1. Добивате тело, кое можеби ќе го сакате, можеби ќе го мразите, но ќе остане ваше за цело време.

2. Ќе учите лекции. Ќе ве запишат во неформално училиште со полно работно време, наречено „живот“.

3. Не постојат грешки, само лекции. „Растењето“ е процес на обиди, пропусти и експерименти. Неуспешните експерименти се подеднакво дел од процесот, како и оние кои успеваат.

4. Лекциите се повторуваат додека не се научат. Секоја лекција ќе ви биде презентирана на различни начини, сè додека не ја научите. Кога ќе ја научите, може да преминете на следната.

5. Учењето лекции не завршува никогаш. Не постои период од животот кој не содржи лекции. Ако сте живи, тоа значи дека сè уште има лекции за учење.

6. Нема подобро место од „овде“. Кога вашето „таму“ ќе стане „овде“, вие ќе најдете друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од „овде“.

7. Другите луѓе се безмалку одраз од огледалото пред кое стоите. Не можете да сакате или да мразите нешто кај некоја личност, доколку тоа не рефлектира некоја особина која си ја сакате или мразите кај себе.

8. Што правите во животот е ваша работа. Ќе ги имате на располагање сите ресурси и алатки. Што ќе направите со нив зависи од вас. Изборот е ваш.

9. Вашите одговори лежат во вас. Одговорите на животните прашања се во вас. Сè што треба да направите е да погледнете, да послушате и да верувате.

10. Ќе заборавите на сево ова.

#
Рејтинг: 18
Објави на Facebook
smileforever - 21.11.11 @ 14:50 Re:Што значи да се биде човек?

Ех прекраснооооооо! Колку ја обожавам кафепауза баш поради овие прекрасни статии.

rockstar101 - 22.11.11 @ 00:37 Re:Што значи да се биде човек?

Прекрасно напишано, и толку точно и логично. Само за едно нешто не наоѓам одговор - а што ако ние сме постојано спречувани да живееме како што сакаме и да ги учиме тие животни лекции?! Што тогаш?! Сигурно дека нема да се откажеме туку така. Како и да е. Убаво што ти текнало во натписи да го ставиш ова. :))

aylinn - 23.11.11 @ 00:03 Re:Што значи да се биде човек?

lajk

smileygirlx3 - 23.11.11 @ 20:59 Re:Што значи да се биде човек?

Убаво е :)

moni2 - 25.11.11 @ 20:00 Re:Што значи да се биде човек?

Нема подобро место од „овде“. Кога вашето „таму“ ќе стане „овде“, вие ќе најдете друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од „овде“. 


damevska - 26.11.11 @ 11:08 Re:Што значи да се биде човек?

Ozbb. Suoer e <3

lallyy - 15.12.11 @ 09:59 Re:Што значи да се биде човек?

Прекрасен е натписов.И најмногу ми се допадна четвртото правило !!! :)

babyx3 - 10.01.12 @ 18:06 Re:Што значи да се биде човек?

predobro e... ali 10 to e TOA sto ke bide. :)