13.01.12 @ 03:05
Прегледи: 502
Суеверија - вистински баксуз или не?!

Па вака.... бидејќи пред малку видов пост во врска со Петок 13ти, а и предходно сум се среќавала со постови од слична или иста тематика, како и во „чест“ на денешниов ден, решив овој мој прв натпис да биде токму во врска со тоа - суеверијата, од каде потекнуваат, кои се митовите и легендите врзани за нив, и дали воопшто има причина за страв.

Да почнеме со.... фамозниот Петок 13ти. За него можеби има и најмногу што да се зборува. Постојат повеќе претпоставки за тоа од каде потекнува стравот од овој ден токму на таа дата, помеѓу кои и:
- Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото од забранетото дрво кое и го дала змијата токму во петок.
- На тајната вечера присуствувале 13 луѓе - Исус и 12те апостоли. И до ден денес кај многу народи се уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса. Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера (како 13ти го означува ѓаволот) и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.
- Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.
- Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус.
- Во картите Тарот 13та е картата на смртта.
- Во поново време многу повеќе се оддава важност на датумот 13 Октомври 1307 година, кога по наредба на францускиот крал Филип IV и папата Климент V биле затворени Жак Де Молеј, Големиот мајстор на Орденот на темпларите и илјадници рицари од орденот. Овие затвореници биле подложени на големи мачења, биле прогласени за еретици и секакви други прекршоци кои биле во спротивност со црквата во Рим. Така, многу од тие рицари биле изгорени на клада или егзекутирани. Од тој ден па натаму, петок 13ти бил сметан за лош и несреќен ден.
- На тој ден се случила библиската поплава.
- Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви...
Постојат уште цел куп други претпоставки од каде потекнува тој страв кон оваа дата, но како и да е, сите тие претскажуваат дека овој ден е многу несреќен, па токму поради тој факт многу згради немаат 13ти кат, аеродромите немаат лет број 13 а во самите авиони нема седиште со број 13, во Формула1 не постои болид со број 13 и слично. Холивуд има богата листа на хорор филмови со тематиката за овој ден (сигурно сте гледале бар еден, со познатиот Џејсон со својата маска кој напаѓа невини тинејџери во некоја викенд куќичка). На овој ден голем број Американци воопшто не одат ни на работа, додека за нас Македонците ова е само уште еден обичен ден.
П.С.: Стравот од петок 13ти се нарекува параскеводекатриафобија или фригатрискаидекафобија.

Следни на листата..... кој друг ако не - црните мачки.
Скоро сите бегаат од нив и припаѓаат од страв доколку пред нив ненадејно скокне или протрча таква мачка, а доколку им го „пресече“ патот не поминуваат чекајќи некој друг пред нив да пројде за тој некој да го снајде проклетството кое овие мачки го сеат. А зошто всушност е тоа....
- Во минатото кога некој ќе починел на мистериозен начин, во близина биле сретнувани црни мачки и се верувало дека тие се гласници на смртта.
- Во времето на древните цивилизации ова суштество било сметано за божество но потоа верувањето се изменило со тоа што сметале дека носат несреќа.
- Кога се појавило христијанството се верувало дека луѓето што имаат црна мачка се всушност вештерки бидејќи овие мачки биле најчесто поврзувани како омилени миленичиња на вештерките од Средниот Век кои ги чувале крај себе верувајќи пак дека токму тие ги штитат од зло.
Сега, на вас е да одлучите дали ќе бегате и ќе се плашите од нив или не, за мене тие беа и ќе се само едни прекрасни суштества, кои со своите огромни сини или зелени очи просто те хипнотизираат и те тераат да ги сакаш. И да, сум чувала којзнае колку црни мачки, и како што гледате, жива и здрава сум, и не, не сум вештерка, хаха.
Следни на мојот список се.... огледалата. И здрави и скршени.
За здравите огледала се вели дека се прозорец на душата и портал кон „оној“ свет, и токму затоа, во куќата каде што има мртовец се покриваат сите огледала со чаршафи во случај при изнесувањето на мртовецот да не се види неговиот одраз во огледалото, бидејќи со тоа неговата душа засекогаш ќе остане заробена и ќе талка меѓу двата света, со неможност да се ослободи.
За скршените огедала, сите знаеме, наводно носат „7 години несреќа“. Но дали сите знаеме од каде доаѓа ова суеверие?! Постојат две најголеми претпоставки во врска со овие огледала:
- Првото датира уште од раното камено доба, кога човекот за прв пат го видел својот лик кој го рефлектирала површината на водата. Според тогашните верувања таа површина (водата) ја рефлектирала душата и доколку таа се заматела (или водата почнела да се бранува) душата ќе останела таму вечно заробена.
- Втората претпоставка, онаа која ги носи тие „7 години несреќа“ датира од средновековието, кога едно огледало било премногу скапо за фамилиите од средната класа, па доколку се скршело тие морале да работат напорно цели 7 години за да соберат доволно пари за да купат ново огледало.
Епа сега, пак е на вас да мислите што сакате и за ова, само јас да си кажам дека пред 4-5 месеци скршив огромно огледало, околу еден метар височина па тој период ми беше баш одличен. :))

Четврти и предпоследни на овој веќе долг натпис си најдоа место - скалите. Да, да. Скалите. Немој некој да ми каже дека никогаш не слушнал за суеверието поврзано со нив, нема да ви поверувам. Сите добро ја знаете онаа реченица: „Никогаш не поминувај под скала, секогаш заобиколи ја.“, но, дали некој знае зошто е тоа така?! Се сомневам. Па, да видиме.
- Кога скалата ќе се потпре на ѕидот, сочинува јасен триаголник, а Раните Христијани овој знак го сметале за Светото Тројство (Таткото, Синот и Светиот Дух), што значело дека доколку некој помине под скалата ќе го прекрши тој триаголник. Христијаните го сметале ова за мошне тежок прекршок и ги етикетирале овие луѓе како сојузници на Сатаната, вештери, што било толку опасно, до тој степен што тие можеле да завршат на клада.
Се сомневам дека некој сеуште верува во ова, но како и да е, имам поминато којзнае колку пати под скали и ништо посебно не ми се случило, освен што еднаш за малку врз мојата глава ќе завршеше чеканот на дедо ми кој во тоа време беше на покривот и работеше нешто, така да, повеќе би ги заобиколувала од чиста претпазливост нешто да не ми ја „скрши“ главата, отколку од тоа, за мене празно суеверие.

Последното, петто суеверие за овој натпис, решив да биде самиот ѓавол, т.е. неговиот број - фамозиот 666.
Сите сме чуле некои искази или цитати за овој број, дека тоа е бројот под кој се крие самиот ѓавол, дека е проклнат број и носи само несреќа. Но, дали знаеме од каде баш овој број му се припишува на Сатаната?!
Имено, постои наука која го изучува значењето на броевите, а се нарекува нумерологија. Според неа може да се пресмета значењето на секој можен број, па и токму на овој. Но дали е само тоа?! Сега ќе откриеме.
- Основното суеверие кон овој број потекнува уште од самата Библија. Имено, во Книгата на Откровението, или Апокалипса, Јован Богослов во глава 13, стих 18 вели: „Тука е мудроста, кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест“. Со ова тој со посочува „Ѕверот“, или Анти-христот, кој треба да дојде на земјата за нејзинот крај, да ја уништи.
- Тајната наука на Евреите, Кабалата, која се пренесува усно, од генерација на генерација, а е поврзана токму со нумерологијата, по свои теории и пресметки, користејќи се тука и со самото движење на планетите и Зодијакот, доажа до заклучок дека големиот „Ѕвер“ всушност е самото Сонце, кое и се смета дека е Креатор на се што постои, и дарител на животот. За да не навлегувам толку опширно тука во детали, за оној кој сака повеќе да знае, може да ѕирне на овој линк, се е детално објаснето и нумерирано: http://forum.mystodonia.com/index.php?topic=77.0
- За „докажување“ на силата која може да убие, а која се содржи во овој трицифрен број, имаше и еден случај сега скоро во.... Бугарија, доколку не се лажам, при што мобилниот број „хххх 666 666“ не доживеал ниту еден негов сопственик да преживее. Имено, сите личности кои го поседувале овој број умирале на различни мистериозни начини, се додека конечно овој број не бил укинат.
За ова, не знам што да ви кажам, освен дека не верувам многу многу, ваше е дали ќе верувате во овој кобен број и во доаѓањето на „Ѕверот“, но едно е сигурно, имам гледано една ѓаволски добра комедија со Брендон Фрејзер во главната улога, а овој број беше токму бројот на пејџерот на самата Сатана. Доколку сакате, тука имате трејлер, а ако сакате да го погледнете и сами ќе си најдете линк: http://www.imdb.com/title/tt0230030/

By: rockstar101
Супер натпис рокстар.
Им го препорачувам на сите да го прочитаат, и да се ослободат од овие Суеверија! :)
Прв натпис - одлично. :)
Инаку јас сум 13 број во дневник xD
ПЕТОК 13 секогаш испаѓа најубав ден ;)
Иначе стварно требаше постов ;)
Не верувам во ништо од ова. Обожавам црни мачки а огледала сум сршила неколку до сега ( мали ама сепак огледала )... иначе јас знам дека пред мнгоу години кога имало војна било петок 13 и едната војска изгубила многу војници ама ептен многу и затоа се верува дека е несреќен.
Тоааааааааа рокстар! Ми се допаѓа, многу! :-)
Натписов е за 20-ка! Браво! Супер!
И за Темпларите уште нешто... Годината во која најмногу ги убивале (заради различни, измислени причини) била токму 1313.
Браво за постов..интересно :))
Браво за постот! Баш сакав некаде да најдам нешто вакво каде можам да читам и да дознавам.
И еве сега кога одев во натписи се израдував :) Конечно најдов. Браво за постот! Мнгоу ми се допадна!
Bravoo za postov prekrasen e!
Браво бе мила моја, ме изненади!
Алал да ти е ^^
Епа ете јас сега прв пат слушнав за тоа со скалата :))
Инаку многу добро е напишано :)