22.12.11 @ 15:05
Прегледи: 1105
Вистината за џоинтот

ШТО Е МАРИХУАНА?
Марихуаната е збор кој се користи за да се опишат исушените цветови, семиња на индискиот коноп. Оваа дрога има многу други улични имиња, како што се: Трева, Тревка, Ганџа, Мара, Манџа, Зелено, Фиш, Гане, Ха ге, Грас, Канабис, Џ, Џокавец.
Со името "Канабис" се именуваат сите различни форми на дроги кои потекнуваат од индискиот коноп, меѓу кои и марихуаната.
Без оглед на името, оваа дрога е халуциногена супстанција - материја која го искривува начинот на кој умот го восприема светот во кој живееме.
Хемикалијата во канабисот која го предизвикува ова искривување се вика делта 9 тетрахидроканабинол (ТХЦ).
Количеството на ТХЦ што го содржи секоја количина на марихуана може значително да варира, но општо земено процентот на ТХЦ е зголемен во последниве години.
КАКО СЕ КОРИСТИ?
Марихуаната е нелегална дрога која се користи најчесто во светот.
Марихуаната обично се пуши како цигара (џоинт), но исто така може да се пуши и со луле.
Кога едно лице ќе испуши џоинт, тоа обично за неколку минути ќе го почувствува ефектот од него. Моменталните чувства - зголемениот пулс, ослабената координација и баланс, како и "расеана" нереална состојба на умот - го достигнуваат својот врв во првите 30 минути. Овие краткотрајни ефекти вообичаено исчезнуваат за два или три часа, но тие можат да траат и подолго во зависност од количеството што било земено.

Бидејќи типичниот корисник вдишува повеќе дим и го држи подолго отколку кога би пушел цигара, џоинтот силно влијае врз белите дробови.
Менталните последици од земањето марихуана се доста жестоки. Пушачите на марихуана имаат послаба меморија и ментална способност од оние кои не ја земаат.
ДЕСТРУКТИВНИТЕ ЕФЕКТИ НА МАРИХУАНАТА
Моменталните ефекти по внесувањето на марихуаната се забрзано чукање на срцето, дезориентација, намалена телесна координација, често проследена со депресија или поспаност. Некои корисници страдаат од панични напади или анксиозност.
Но проблемот не завршува таму. Активната состојка во канабисот, ТХЦ, останува наталожена во масните ткива и органите како што се мозокот, половите жлезди (тестисите и јајниците), жолчката, црниот дроб и белите дробови.
Што значи тоа? Дури и ако сте престанале да ја користите дрогата, вие и натаму можете да ги искусите штетните физички и ментални несакани ефекти од дрогата, со месеци па дури и со години подоцна.
Пушењето марихуана предизвикува поголемо оштетување на белите дробови отколку пушењето тутун. Ризикот од рак на белите дробови е многу пати поголем за оние кои пушат џоинт, отколку за оние кои пушат цигари.

Чадот на марихуаната содржи 50% до 70% повеќе јаглени водороди кои предизвикуваат рак отколку цигарите, а еден џоинт е еднаков на 10-40 цигари со тутин.
Редовните пушачи на џоинтот страдаат од бронхитис, воспаление на дишниот систем.
Марихуаната ја менува структурата на клетките на спермата на тој начин што ги деформира.
Па затоа, дури и мали количини марихуана можат да предизвикаат стерилност кај мажите.
Марихуаната може да го наруши и менструалниот циклус кај жените.
Многу луѓе ќе ви кажат дека марихуаната не е опасна, но таа може да ја оштети меморијата на лицето - и ова оштетување да трае со денови или недели по исчезнувањето на моменталните ефекти.
"Мојот прв џоинт го зедов на игралиштето во моето училиште. Сега сум зависник од хероин и штотуку ја завршив мојата осма терапија за зависност од дроги" - Кристијан, 23 години
"Наставникот во моето училиште, пушеше по два или три џоинти дневно. Тој убеди многу ученици да почнат да пушат џоинт, меѓу кои бев и јас. Неговиот дилер потоа ми предложи да почнам да земам хероин, и тоа го направив без никаков отпор. Не се противев зошто совеста ми беше веќе мртва." - Вероника, 19 години
" КАЖЕТЕ ИМ НЕ НА ДРОГИТЕ, КАЖЕТЕ МУ ДА НА ЖИВОТОТ"
Премногу поучно.Ни тербаше вакво нешто.Трагично е лугето да се уништуваат со вакви работи.
" КАЖЕТЕ ИМ НЕ НА ДРОГИТЕ, КАЖЕТЕ МУ ДА НА ЖИВОТОТ"
Najgolem LIKE za ovaa..:)
БЛЗБНДФЈЛЗДББФДЈЛБФЈЛДБКЈЛБВДКЈФВКЈДСБФВХЈГРЈФХСЛАХЕФЛСЊЕГФЛЊЈБВДЛСББЏЦСЛСБЈЛБФВСБНДВКЛСФ!!
Постов. Фала. Требаше нешто вакво. Крај.
Да сум размислувала некогаш и ова да пробам, ама знам дека никогаш нема да се осмелам да земам после читаново :)
Супер е .
Требаше вакво нешто некој да напише.Браво што ти текна!