26.01.12 @ 16:06
Прегледи: 243
Тешко ми е многу ://
Девојки, ви пишувам затоа што немам на кој друг да му го раскажам ова. Немам никој на кој што му верувам. НИКОЈ. Сите што ги знам ме имаат заебано или искористено. Пред неколку години се запознав со девојчиња кои што ми беа најдобри другарки 5 години. Пред неколку месеци ми се скараа без да ми ја кажат причината. Ми беше многу тешко. МНОГУ. Пред некое време се смиривме, ама сега сме само на здраво. Додека бев скарана со нив, сватив дека имам друга најдобра другарка со која што се гледавме најмногу еднаш неделно. Сега и таа ми се налути нешто и не ми кажува зошто. Што е работата, луѓе, нешто не е океј со мене или што? Преку глава ми е од целово ова, од сите лицемерни кретени што влегуваат во мојот живот. А се нервирам многу лесно, ШТО ДА ПРАВАМ? :(
Прави се дека не ти е тешко...Кога и да те видат немој да дозволиш да те видат тажна секогас кога ке поминувасх покрај нив збори нешто што нив знае да ти погоди...Ама еден ден кога кругот ке се сврти се ке им се врати...
Onemilion
Сите те бараат кога си им потребен. НЕма вистински другарки! Не постојат!
emmy-sweet
и јас мислам така, ама уште се надевам...
Тешко е да најдеш вистински другарки во денешно време..многу тешко.
Не се нервирај,подобро е да бидеш сама некое време отколку да бидеш со некој што ти прави лице.
Пробај да си најдеш ново друштво,но не се опуштај многу.Имај на ум дека денеска ретки се вистинските пријатели.
-КитиБу
како да го најдам тоа ново друштво? Воопшто не искачам, незнам што да правам..
Па на училиште..Сигурно познаваш некои девојчиња.Пробај да се зближиш со нив.
Оди на одморите седни до нив,прашај како се,што прават и сл.
-КитиБу
Во тотално иста, иста позиција бев пред околу 5-6 месеци. Не дека сега е нешто подобра ситуацијата.. Затоа верувај, знам како се чувстуваш! Се поминува, од кај да знаеш, можеби ќе дојде ден кога тие ќе те бараат. Само не им дозволувај да те изнервираат без причина. И самата велиш, нема доволна причина што испаднално така, но знаеш како велат.. Нема последица, без доволна причина. Разговарај отворено со нив, кажи и им дека сакаш да ја знаеш причината.. Ти посакувам се најубаво. Поздрав, Сара:)