31.12.11 @ 02:22
Прегледи: 288
Зошто јас?
Само не ми се верува колку ниско паднав. Како успеав да бидам надитрена. Го сакав, сеуште го сакам. Единствено што заслужувам во моментов е некој да ми каже глупава си затоа сега плачи.. Да, плачам од што сум глупава.
Никогаш не викајте на машко дека го сакате се додека не бидете сигурни дека и тој го мисли навистина истото.. Мојот долг јазик и погазена гордост ми донесоа солзи, молеше додека да му реков те сакам, ми рече и тој мене бараше да му го повторам тоа. Несигурност, доказ за фалба пред другарите или можеби самозадоволство не знам што се случи со него зошто рече дека ме сака кога не го мислел тоа? Барем да молчеше ќе знаев дека нема ништо, ќе се тргнев настрана, за да ме повреди го направи тоа?? Не можам повеќе, најубавата, а воедно и најлошата вечер во мојот живот, не можам повеќе, значи ми иде да заминам некаде и никогаш да не се вратам... :(( Да не го видам повеќе пред моите очи... ме повреди како никој досега, зошто дозволив зошто.. Викаат од грешките се учи, а што всушност јас научив?? Само научив да ги повторувам истите грешки по 100 пати и повторно и повторно да бидам повредена, но утре е нов ден. Нов почеток! Нема повеќе да го барам само ќе му ја честитам НОва година со надеж дека мојта порака ќе му ја уништи вечертаа! Сакам само одмазда, се надевам дека ќе го добијам тоа.
Срцето ми е скршено, солзите се тркалаат по моите образи.. ЗОШТО ЈАС?
Не ми се верува дека сме во толку слична ситуација, да не речам иста. Глупави сме што не ги слушаме другите кога ќе ни речат не го моли, не трчај по него, штета што касно го сфаќаме тоа.. во случајов ја имаме направено истата грешка, не сме го испочитувале она: "НЕ ВИКАЈ ПРВА ТЕ САКАМ" 
Одмазда? Никако!
Остави, времето ќе ги излече раните, немој да му ја честиташ Новата Година! За месец-два ќе се смееш сама себеси за ова што сега го мислиш. Само смири се, и размисли за кој плачиш, за човек кој воопшто не те заслужува, за човек кој ти го скршил срцето.
Не вреди, тури му пепел! -.- Не знае што пропушта, но ќе видиш, кругот се врти. И тој ќе биде повреден, и тоа дупло повреден. Пушти си музика, и радувај се! :) Зошто да си го расипуваш денот поради некој идиот? За борави на него и уживај ;)
срцка-та