10.09.09 @ 01:02
Прегледи: 639
NOV LIST
Веќе ми дојде преку глава да размислувам што сакам, за што размислувам, што чувствувам...
Да го анализирам секој збор, секоја постапка..
Да не можам да заспијам зашто сум си направила филм во главата што нема допирна точка со реалноста..
Решив да свртам нов лист..
Патетично е да вртиш нов лист само затоа што си смртно исплашена дека некому си дозволила да допре до тебе..
Апсурдно е да се плашиш воопшто...
Страв..
Хмм,се прашувам како се вика да имаш страв од страв..
Небитно..
Го гледав новиот лист,помислив дека почувствував олеснување..
Не можев...Морав за последен пат да го погледнам стариот лист, да се потсетам на се што сум пишувала толку долго...
Видов насмевки...Многу насмевки..
Траги од солзи...
Караници и викотници..
Лупање на врати..Безброј врати..
Прегратки и бакнежи, зборови кои никогаш нема да ги заборавам...
Видов топлина но видов и студ, видов среќа но видов и тага, видов несигурност,...
Сфатив..
Сфатив дека стариот лист е она што ме исполнува, дека стравот нема да ме доведе никаде...
Мојот нов лист веќе не ми беше потребен,..
Го сакав стариот со сите несовршености во него..
Го сакам со цело срце и конечно...Конечно имав чувство на топлина и сигурност..
Зарем се ова да го заменам со нов лист?!
Не вреди,ама баш воопшто не вреди...
