30.01.12 @ 20:02
Прегледи: 759
all its gone..
Го сакам. :(
Кај се заљубив, кај се запустив, од каде во него?
Ах тие плави очи ме уништија...
Ме уништува и тоа што заврши нашето, немавме многу, но значеше многу..
Ме повредија неговите зборови, но сеуште го сакам. Го барам во секој човек, го барам во толпата со луѓе, но го нема него, тој што го знаев. Ги нема тие разговори доцна навечер, ја нема мојата насмевка додека тој се обидува да ја сврзе реченицата и тресе глупости, го нема она тајно гледање зад гимназија и неговите кратки пораки кои ми одеа на нерви.
Ја нема старата јас. Се обидувам да ја прикријам болката, се правам дека и неа ја нема. Од другите ја кријам, но не и од себе..
Мразам кога погледите ќе ни се сретнат и тој ќе си ја заврти главата, кога другарките ќе го видат и веднаш ми кажуваат ’Еј ене го’, не знаат што навистина се случи. Никој не знае колку едноставно заврши една приказна која очекував да трае подолго од вообичаено..
Ништо нема да биде како порано!
-stardust-
OMG prekrasnoooooooo sama go pisuvase ? spored vistina ili ?
Сама, според вистинска случка. :)
-stardust-
прекрасноо.. а што навистина се случи ? :D љубопитна сум знам=.=
-justbeautiful
Се беше супер, додека личност на која најмногу и верував не направи некои работи и тој смени мислење, олади, едноставно стана друг човек, некој кој не очекував дека ќе стане, сакав да објаснам, се обидов, но ништо..
-stardust-
Целата се наежив... прекрасно напишано... роман... иначе жал ми е