Ах, љубов ...18.03.12 @ 23:03
Прегледи: 46 Ах, љубов ...
Причината зошто боли толку кога се разделуваме е тоа што нашите души се споени. Можеби секогаш биле и ќе бидат. Можеби сме живееле илјадници животи пред овој живот и во екој живот сме се наоѓале еден со друг. И можеби секогаш сме биле присилени да се разделиме поради истите причини. Тоа значи дека ова збогум е збогум на минатите десет илјади години и прелудиум на она што ќе се случи.
Кога те гледам, ги гледам твојата убавина и милност и знам дека тие стануваат се поголеми со секој живот што го живееш. И знам дека го потрошив секој живот пред овој во потрага по тебе. Не по некој како тебе, туку по тебе, зошто твојата и мојата душа секогаш мора да се спојат. И тогаш поради некоја непозната причина за нас, ние сме принудени да си речеме збогум.
Би сакал да можам да ти речам дека се ќе работи за нас и да ти ветам дека ќе сторам се што можам за да се случи тоа. Но ако никогаш веќе не се сретнеме и ако ова е навистина збогум, јас знам дека ќе се видиме пак во друг живот. Ќе се најдеме пак и можеби ѕвездите ќе бидат поинакви и ние ќе се љубиме не само во тоа време туку за сите времиња што сме ги поминале.
Извадок од „Страници за нашата љубов“
Аххх страници за нашата љубов. Ахх Николас Спаркс. Главен виновник зашто сум толку огорчена кога се работи за љубовта. И најомилен автор ми е :) Инаку оваа ми е една од најдобрите книги што сум ги прочитала.
Го обожувам навистина. Скоро сите книги ги имам прочитано, премногу се добри.