Дневник-LD15.02.12 @ 18:48
Прегледи: 106 Дневник-LD
Се сомневам во се деновиве
се осеќам ко предаден
уништен навреден а се тоа ќе помине
за како карма да се врати назад кога најмногу ќе несакам
карактеристично за ум ко мојов несаглам
Ко да сум роден сам
маченик а сосем сам
без сомнение ни грам
многу души еден храм!
Себичен творец моите се против мене
Исти сме под облак темен
Ама пливам сам до гребен сув!
Нема никој глув
Јас сум тука добро чув
дека мојот народ умира без име и без дух
Немилосрдно копиле сум кога боли душава
И кога молам некој да ме слуша пак!
А се што тој зборел ме потсеќа на крајот
Зашто се е чиста вистина се плашам дека е во право!
Губам љубов а со неа губам мотив
Листот со ветувања неисполнет
а под него мојот потпис!
Живееме во свет кој изгледа ко пеколен
цел живот за момент може да ти биде променет
во ова време градот никад не е здодевен
Каде што секој ден може да биде последен!
Стара ама најубава!
LD xD :) <3<3