„Гламстик“ за последен пат.22.02.12 @ 00:10
Прегледи: 830 „Гламстик“ за последен пат.
Се надевам ќе има доста коментари на оваа тема, бидејќи е последен пат како се споменува. Отсега ако на оваа тема се пишува макар и на шега, постот веднаш ќе биде избришан.
Пребродевме многу ситуации на Гламстик, па мислам дека и оваа нема да биде проблем. Проблемот тука е што се јавуваат некакви незадоволства секој втор ден.
Јас ве разбирам. Сите.
И поголеми и помали. Дел сум и од двете.
Помалите ги разбирам бидејќи и јас бев во период на тинејџерство, и мене некогаш се’ ми се чинеше како неправда и едвај барав причина за карање со некој. Тоа ми се чинеше правилно и бунтовно. Сакав да покажам свој став и да го искажам мислењето. Па дури и да се покажам малку „главна“.
И поголемите ги разбирам. Имаме факултети, работа, посериозни или помалку сериозни трошоци околку ова и она. Не ни е дојдено до глупави коментари, или - без навреда, детски коментари и прашања.
Морам да ги вмешам и модераторите.
Прашањата за нив и дискутирањата да завршат.
Мислите дека е интересно да влезеш на Гламстик и да начекаш 20+ пораки во инбокс? Не е интересно бидејќи си одговорен и треба да ги прочиташ тие 20+ пораки и да напишеш одговор за нив, или да се обидеш да го исполниш барањето.
Да не ме разберете погрешно, во ред е што пишувате и продолжете.
И бидете фер па присетете се колку пати ви прогледуваме низ прсти.
Колку пати сте напишале прашање за готвење во „Приказни“? Или прашање за мода и врски во „Секс“? Цело време шетаме низ страните и менуваме категории. Тие се поставени за прегледност на сајтот, а не за да губиме време менувајќи ги, па да немаме доволно време да одговараме на прашањата.
Колку пати на некој му е дадена втора шанса на сајтот? Дали некогаш сте биле блокирани, па одблокирани? Се случуваат и грешки од наша страна, ама и прекршоци од ваша.
По не знам кој пат ги ставам на дневен ред и групите...
Многу пати се обидов да ви ги насочам прашањата за училиште во групи. Ем ќе бидат на едно место, ем нема да се изгубат низ другите постови. Реално, тие прашања НЕ СЕ за оваа страна. Ова е Гламстик - сајт за женски дилеми и проблеми, а не Гламстик - сајт за вашата домашна работа.
Последното нешто што ќе го издвојам за крај: жалбите за модераторите.
Пишете на англиски јазик кај администраторот. Ако тој не ви врати, а имате некакво недоразбирање со модератор, тогаш пишете му на некој друг модератор за проблемот. За недоразбирање пишете, а не затоа што мислите дека тој модератор не треба да биде модератор!
Ајде сега, чекам коментари тука и проследете го постот до сите во наредните денови за да не се чудат зошто прашањата на оваа тема им ги снемува.
Добра идеја,убаво ти текнало.
За се си у право немам шо да коментирам. (:
се е точно како шо е напишано.
Se soglasuvam so tebe , nemam zborovii :))
И јас ве разбирам. Сите. И тебе те разбирам Бубаче. И си во право. За се што напиша. (-:
Е АЛЕЛУЈА!
Дефинитивно последната недела барем јас гледам голем напредок.
Глупавите прашања се бришат,анонимните се блокираат (што пишуваат лошо) и бидејќи неможат да се регистираат ги нема повторно со тие прашања.
Искрено незнам како издржувате-сигурна сум дека ви е мака,претежно тебе,рокстар,кукличка и китен што сте така поактивни и позрели.
Се надевам дека ќе се подобри уште повеќе гламстик затоа што вреди!
И покрај глупавите прашања сепак гламстикот ВРЕДИ и тоа е сигурно.
Може да си помогнеме за многу работи и да се дружиме,
а на глупавите прашања кога ќе видат дека се избришани или пак дека немаат одговори самите ќе се повлечат
БРАВО ЗА ПОСТОВ,
СЕКОГАШ КОГА ЌЕ НАПИШЕШ НЕШТО
СЕ ДОКАЖУВАШ ЗОШТО ТИ
ЗАСЛУЖУВАШ ЗА ДА СИ МОДЕРАТОРКА.
Секогаш нешто што ке напишеш е добро.
Се зложувам со тебе. :)
Браво за постот, секоја чест ..
и не е да ги омалуважувам другите модераторки , но искрено мислње од мене е тоа дека ти си најстабилна. најправедна како и нај постојана модераторка овде ..ке дадам еден обичен пример за моите како и за сликите на суун многу пати гледав триста глупости и навреди ..но сепак ти беше најправедна и рече дека постои и категорија СЛИКИ .. секако овде јавно ке ти кажам: ти благодарам за разбирањето 
Поздрав
Мислиш дека ова ќе биде послушано? Искрено, чисто се сомневам во ова, ама ќе продолжиме да си ја вршиме работата тука, без разлика кој приговара или не, а најчесто тие приговори се „зошто ми го избришавте постот“ (во кој корисничката барала некое домашно). Така да.... ОК е постов, сосема на место, но што е тука е, никогаш нема да биде идеално, туку само се надевам дека сите ќе се потрудат да го направат сајтов што помирно место. :))
МНогу сме допуштливи многу,не еден пат сме рекле дека понтаму нема да геледаме низ прсти о пак порогледуваме,пак попуштаме и се.Од сега веке го нема тоа се ке биде под комтрола и се надевам ке го направиме сајтов подобар и ке стане попопуларен. ;)
инаку за сето друго се согласувам со тебе
Ако не воведи ред Буби, тогаш кој? :D
Се гледа промена, забележлива е. Секоја чест. :))
Се согласувам да, сакам и јас да не биде сајтов ваков каков што е ама неможам се да сменам! Ама веќе стануваат досадни и вакви постови и оние што се зезаат и оние што кукаат. Нема сврха само да пишуваме.. некои прават, се трудат на сајтов, а има такви само нешто што не им чини и не превземаат ништо туку плачат на постови! -.- А за домашните, па кажано е сто пати. И фала богу дека треба да се бришат такви прашања! :)
Тотално се согласувам со постов, редно време беше да биде напишан ваков пост! :)
Пред некој ден почнав да ги бришам постовите кои сум ги поставила за да постирам нешто, мислам за да споделам нешто а не да прашам а сепак ставено во категорија ПРАШАЊА.Сега ме потсети да ги добришам, бидејќи не ги завршив сите x)
Инаку убаво е напишаново во постов.
И мене ме нервираат и ми пречат некои работи, кои за жал немам шанса да ги искажам.Прво нема на кого, второ ако му кажам на некој што ми пречи можеби ќе помисли дека претерувам.Навистина ова е анонимен сајт но тие што сме активни, тука сме секој ден, се врзуваш за сајтот, за нови луге, секогаш има нешто што те бендисува и нешто што ти пречи.Иако ова второво не можеш да го искажеш, барем јас.
Инаку навистина е точно се.Убава идеја за пост.
Но ете некои работи едноставно се такви створени колку и да ги бришеш, блокираш пак ќе дојдат да не угостат со своето недолично однесување.
Види Бубаче се ова изгледа ОК и со нормални личности би се спровело, јас заминав од Гламстик од причина што веќе нема што да барам овде, и навраќам некогаш колку да видам што се прави :) Да преминам на главното, ми здосади, од женски со напрчени усти и коментари: леле срцка, леле ваква, леле онаква, леле убава -.-, ми здосади од прашања за секс, мување -.-, ми здосади од поставување на линк од песни во прашања без никаква цел, ми здосадија слики до 9гаг или не знам што таму, ми здосади едноставно од СЕ, веќе ова нема смисла, пробавме многу пати со групи, нели? НЕ УСПЕВА. Веќе ништо не успева сите се дојдени на сајтов да се пофалат што биле и што имале -.- Преку глава ми е веќе стварно. И нема никогаш ова да се поправи.
Токму заради таквите безвезни постови и карања долго време ме немаше на сајтов.Некогаш ќе се приклучев макар и на 5 мин за да видам што има и кога и да видев таков пост,поради тоа што ми беше здосадено веднаш се одјавував.Оваа недела повторно сум малку поактивна и се надевам дека е подобрена ситуацијата,засега е добро и исто се ндевам дека нема да се излажам.Според мене гламстик е корисен сајт,но ако не ги следиме правилата и упатствата џабе ќе губиме драгоцено време на некои бесмислени караници,навреди,итн.Инаку супер е постов,се разбира за тој што знае да почитува правила.:D
Ako nesakas da odgovaras,nemoras i ako ne te biva da pomagas za domasni,tekstovi,angliski nemoras,nekoj navistina nemaat koj da im pomogne,tuka sme za pomaganje megju sebe ;)