Share Page
 
 
Chat
Tin4e-to : ne ne onaka te barav :*
Pokerface : ако е за брзо нешто кажи, пошто одам да спијам сега
Pokerface : да
Iv4hy : Зошто баш Гулабица неможам да ја стаам на гламстик?? :$
Tin4e-to : pokii .. dali si tukaa?
»
 
Дневници img Повеќе за сексот
stefany
11.02.12 @ 15:27
Прегледи: 351
Повеќе за сексот

СЕКС

Секс означува чин помеѓу две или повеќе личности или животни (од различен или од ист пол) при што доаѓа до стимулација на половиот орган на барем еден учесник.

МАСТРУБАЦИЈА

Мастурбацијата претставува самозадоволување. Таа е својствена за секое сексуално човечко битие. Мастурбацијата практично е стимулирање на половиот орган со цел да се доживее оргазам (свршување)

Мастурбацијата се јавува како последица на лачење на одредени хормони но и како потреба за „ослободување“, или едноставно како „задоволство“. Кај машките мастурбацијата е всушност стимулација на пенисот, држејќи го со едната или понекогаш двете раце, со ритмички движења горе-долу се стимулира сексуален однос. Кај женските пак, мастурбацијата се состои во стимулирање на клиторисот, најчесто со ритмички елиптични движења.


0РАЛЕН СЕКС


Оралниот секс се состои од ситесексуални активностикои вклучуваат употреба наустата, заедно сојазикотзабите и грлото за стимулирање нагениталиите. Оралниот секс може да се користи какопредиграпред сексуалното општење, или да дојде како климакс на сексуалниот чин, за време на сексуалното општење. Понекогаш се практикува и како самостоен сексуален чин.

Оралниот секс во народниот говор се нарекува "пушење" (кога се стимулира машкиот полов орган) и "лижење" (кога се стимулира женскиот полов орган).

Кај овој вид на секс не постои можност за забременување. Сепак треба да се има предвид дека и кај овој вид на секс можно е пренесување на заразни болести (како на пример СИДА).


АНАЛЕН СЕКС

Совети за почетници.

За да се подготвите за анален секс, прво нешто што треба да направите е да го релаксирате своето тело и ум. Ова може да подразбере топла бања, еротска масажа или пак едноставни физички вежби. Запомнете дека мускулот кој што му дозволува на вашиот анус да се отвори, нема да дозволи нешто да пројде низ него доколку не се опуштите. Не ја започнувајте пенетрацијата со пенис, или нешто што има големина на пенис. Започнете на пример. со прстот на вашиот партнер.
Еден од партнерите нека постави кондом на неговиот/нејзиниот прст, или пак нека го премачка со маст. Потоа, со помош на прстот надразнувајте ја површината на анусот, правејќи кружни движења околу него. Секогаш набљудувајте го вашиот партнер, за да увидите дали се чувстува удобно. Со бавно движење, полека притискајте со прстот кон внатрешноста на анусот. Не употребувајте сила - веднаш престанете доколку забележите дека вашиот партнер реагира негативно. 
Откога ќе го сторите ова неколку пати,тогаш обидете се со нешто поголемо. Можете да продолжите со пенетрацијата со пенисот на вашиот партнер или пак со некоја анална играчка.

Како до побезбеден анален секс.

Аналниот секс може да биде совршено безбедна активност, се доколку ги превземете потребните дејствија. Запомнете дека вашиот анус не поседува природна влажност и еластичност како што ја имаат вашата вагина и уста. Затоа аналниот секс мора да се изведува внимателно. Постојат три работи што се неопходни за безбеден анален секс: навлажнување, кондом и чувство за одговорност. Потребно е големо количество на влажност бидејќи зидовите на вашиот анус не се доволно подвижни и можат да бидат предмет на солзење или повреда доколку не се одржуваат влажни. Под одредено дејство, анусот се стеснува, затоа влажноста е неопходна за мазно пенетрирање. Кондомите се втората неопходност. Аналниот секс го олеснува пренесувањето на сексуално преносливи болести подобро од било која друга форма на секс, и исто така може да предизвика инфекции на уринарниот тракт и други бактериолошки болести. Конечно потребно е чувство на одговорност. Не носете накит на вашите раце, и исечете ги ноктите на вашите прсти доколу со нив пенетрирате во анусот на вашиот партнер. Најважно од се е да го почитувате вашето тело. Не се форсирајте себеси, правете го единствено она што ви носи чувство на задоволство и удобност.

 

Вагинален секс

Вагиналниот секс е стандарниот секс,кога се спојуваат пенисот и вагината на двата партнери.

Кај вагиналниот секс најпозната е мисионерската поза,каде што партнерите лежат исто како во основната поза, лице во лице при што рецептивниот партнер е оздола. Не е неопходно дигање на нозете или користење на перница, но може да се направи тоа со цел да се зголеми задоволството при општење.


ХИМЕН

Можно е да немаме повеќе химен или воопшто дека сме го немале..Се случува хименот да пукне за време на некои спортски активности, при самозадоволување или при некој лош пад. Исто така можно е хименот да пукне при ставање на тампон а вагината не е доволно влажна. Дали ќе го приметиме пукањето на хименот зависи од неговата еластичност. МОже да биде цврст и при пукањето да се јави крварење , но ако е танок може да пукне и ништо да не се примети .

 

Хименот е доволно отворен за да може без проблем да протекува менструалната крв или да се стави тампон.


КОНТРАЦЕПЦИЈА (заштита)

Поимот контрацепција значи спречување на несакана бременост и прекинување на природните процеси на репродукција.Најдобра заштита при сексуален однос е кондомот.


КОРИСНИ СОВЕТИ

 

  • 1.Ејаклуација надвор (коитус интеруптус), не се препорачува како сигурен метод за контрола на бременоста кај тинејџери. Овој метод, кога пенисот излегува од вагината пред да ејакулира, не е секогаш ефикасен. 

2.При одлука да се користи кондом, тој треба да биде нов при секој сексуален контакт. Многу ретко, кондомот може да предизивка алергична реакција.

3.Рацете треба секогаш да се измијат со сапун и топла вода, пред да се вметне контрацептивно средство во вагината.

4.Одредување на плодните и неплодните денови во месецот е тешко, ако не ги одредува стручно лице.

5.Жената може да остане бремена или да се зарази со сексуално преносливи болести, дури и при нејзиниот прв сексуален контакт во животот.

6.Не треба да се менуваат често сексуалните партнери/партнерки, бидејќи постои голема можност за сексуално преносливи болести, особено во последно време вирусни инфекции со ХПВ (хуман папилома вирус за кого со сигурност се знае дека одредени типови предизвикуват рак на грлото на матката)


АБОРТУС

Абортус е прекин на бременост.

Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тeк сличен на породувањето и ретко има компликации. Во нашата средина под абортус често се подразбира само намерен, со цел да се прекине бременоста.Предизвиканиот абортус е многу чувствителна тема и имa многу проблеми кои не можат да се запостават. Познато е дека во нашата земја се прават се повеќе абортуси и покрај тоа што многу приватни клиники не го пријавуваат тоа. Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себе си носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.

 


Многу често има прашања во врска со сексот,па се потрудив да опфатам повеќе теми поврзани за сексот,

и се надевам дека ќе ви бидат корисни и дека ќе одвоите време да прочитате малку за сексот.


 

#1445264
Рејтинг: 7
Објави на Facebook
tuttifrutti2114 - 28.02.12 @ 20:15 Re:Повеќе за сексот

Ејаклуација надвор (коитус интеруптус), не се препорачува како сигурен метод за контрола на бременоста кај тинејџери. Овој метод, кога пенисот излегува од вагината пред даејакулира, не е секогаш ефикасен.


Важен совет :)