Share Page
 
 
Chat
Sweetheart1 : Дора пишии маа !! :@
Tin4e-to : ne ne onaka te barav :*
Pokerface : ако е за брзо нешто кажи, пошто одам да спијам сега
Pokerface : да
Iv4hy : Зошто баш Гулабица неможам да ја стаам на гламстик?? :$
»
 
Правила

Права и услови

Права и услови за користење на овој сајт

Добредоjдовте на Glamstik.mk (Гламстик).

Гламстик Ви овозможува користење на содржините и услугите под следниве услови.

Условите за користење се применуваат на сите содржини и услуги. Правата и условите за користење на овој сајт ги определуваат односите помеѓу Корисниците на сајтот glamstik.mk и Гламстик glamstik.mk.

Гламстик ги задржува авторските права на сите свои сопствени содржини (текстуални, визуелни, база на податоци и програмски код). Неовластеното користење на било коj дел без дозвола од Гламстик (сопственик на авторските права), се смета за кршење на авторските права на сопственикот и се одговара по Законот за авторски права, како и за било каква злоупотреба на личните податоци на корисниците се одговара по Законот за заштита на личните податоци.

Општи услови

  • Корисник е лице кое се има регистрирано во сајтот glamstik.mk со корисничко име и лозинка со пополнување на формуларот за регистрација.

  • Корисникот се согласува со правата и условите за користење на сајтот glamstik.mk со означување на полето “* Се согласувам со правата и условите за користење на овој сајт!”.

Право на промена на содржините и услугите

  • Гламстик го задржува правото за промена или укинување како привремено така и трајно, на било која содржина или услуга, без обврска претходно да го најави тоа.

  • Гламстик се состои од сопствени содржини, содржини од огласувачи, бесплатни содржини и содржини креирани по идеја на корисниците и од самите корисници. Сите тие ги користите на сопствена одговорност и Гламстик не може да се смета одговорен за било каква штета настаната од користењето.

Заштита на личните податоци

Гламстик се грижи за заштитата на личните податоци и приватноста на своите корисници и посетители согласно прописите за заштита на личните податоци. Личните податоци кои се обработуваат од страна на Гламстик се користат само за целта за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со изречна согласност од нивните сопственици. 

Во случај на криминална истрага, Гламстик се придржува до важечките закони на Република Македонија и податоците собрани со активноста на интернет страницата се достапни на органите на прогон само со судски налог, со исклучок во случај на злоупотреба на нејзиниот информациски систем или интернет страница, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка. 

Обврски на корисникот

  • Корисникот нема право да објавува, коментира и разменува содржина и да испраќа пораки кои ги повредуваат македонските закони, содржина која е навредлива, вулгарна, заканувачка, расистичка или шовинистичка.

  • Корисникот нема право на лажно претставување, односно претставување во име на друго правно или физичко лице.

  • Корисникот нема право да објавува, испраќа и разменува содржини кои се заштитени соЗзаконот за авторски права.

  • Корисникот нема право да манипулира со идентификаторите со цел да се прикрие потеклото на содржината која се објавува или испраќа преку услугите на Гламстик.

  • Корисникот се обврзува да не испраќа слики на кој не се гледа неговото лице, слики на фотомодели, глумци, познати личности, слики со сексуална насоченост, колажи, фотомонтажи, домашни миленици, карикатури, слики со авторски права и групни слики, слики на кои се гледа оружје, слики на кои се прикажува употреба на дрога и други наркотични средства, слики кои имаат адреси или лога на други сајтови, па и на glamstik.mk.

  • Корисникот декларира дека нема да бара никаква одговорност за директни, индиректни, случајни, специјални, метеријални, морални и какви и да се други штети настанати од користењето на сајтот glamstik.mk од Гламстик.

  • Корисникот носи целосна одговорност за дејствијата извршени со користење на неговото корисничко име и лозинка.

  • Корисникот се задолжува да не испраќа рекламни, комерцијални и SPAM пораки до другите корисници од сајтот користејќи го софтверот на Гламстик.

  • Корисникот се задолжува да не го користи сајтот glamstik.mk за проучувања, конкурси, натпревари, игри, SPAM, рекламни пораки, барање на персонал или испраќање на несакани или навредливи пораки.

  • Корисникот е должен да ги воведе точно бараните податоци и истите да бидат вистински.

  • Корисникот нема право да создава лажни профили кои не го покажуваат неговиот вистински идентитет.

  • Корисникот се задолжува да се придржува кон сите закони и одредбите од истите и е одговорен за своите дејствија кои произлегуваат од користењето на сајтот glamstik.mk.

  • Корисникот се задолжува да не публикува, распространува или популаризира навредливи или незаконски материјали или информации.

  • При регистрирањето во Гламстик корисникот е задолжен да помине преку постапката за регистрирање, да ги внесе вистинските податоци и да одбере корисничко име и лозинка.

  • За објавувањето на содржини (коментари, слики и друго) под некое корисничко име, одговорен е исклучиво корисникот кој го користи.

  • Корисникот е должен да ги следи сите промени по правата и условите за користење на сајтот glamstik.mk и да се информира за нивната промена. Користењето на сајтот glamstik.mk и неговите услуги по направената промена во правата и условите за користење се смета за прифаќање на истите.

Гламстик нема да ги обработува личните податоци на корисниците за цели на директен маркетинг.

Гламстик не сноси одговорност за штети кои би можеле да произлезат заради невозможност да се користи дел од системот или целиот систем поради технички причини, независно од околностите поради кои е дојдено до тоа.

Гламстик има право до собира, архивира, обработува и користи податоците за употребата на услугата од страна на сите свои корисници, за цели како одстранување на проблеми во компјутерските системи, осигурување на заштита против неавторизирано навлегување во туѓи профили.


Гламстик го задржува правото да му ги укине корисничките права на регистрираниот корисник без претходно да го извести за тоа, да испраќа e-mail-и и друга комуникација на електронската пошта на корисникот!

Промена на политиката на приватност

Гламстик го задржува правото во секое време да ги промени Правата и условите за користење. За таа цел, на посетителите на оваа интернет страница им се препорачува повремена проверка на содржината на истата.

При приложувањето и толкувањето на Правата и условите за користење на овој сајт важат домашните закони.