21.02.12 @ 13:37
Прегледи: 298
Ослабнување 7 килограми
Сакам да ослабеам 7 килограми.! Мислам сакав да ослабеам 10, ама смалив три килограми па сега ми останаа уште 7 килограми до посакуваната тежина.Го практикувам вежбањето, ама сакам побрзо да ослабеам па ако може да ми кажете некоја ефикасна диета.
"Прво и најважно нема забранети јадења, значи се јаде се, само се пази на комбинацијата и периодот на внесување на храната, јас ја држам оваа диета 10 дена и до сега ослабев 4 кила.
Доручек : јагленохидрати и шеќери, значи може да доручкувате, чоколадо, штрудла, лиснато, овошје, торта....кифли(празни ) значи да не се комбинира со масти или белковини
Јас денес доручкував еден Pop-cake, банана и кафе( насабајле може шеќер во кафето )
Ручек: Она што дома ви спремиле за ручек ќе си го јадете нормално, значи се ви е дозволено ама само една кришка леб смеете, а ако можете подобро е без леб да ручате.
Вечера: Белковини или протеини во комбинација со зелена салата. Значи можете да јадете шопска, мимоза... или само зелана салата во комбинација со месо или туна или млечни производи . Јас обично вечерам марула со варен или испечен стек( месото може и на тостер) вчера вечерав салата од зелка со канче кисело млеко и 150 грама сирење.
Ако по вечерата ви се пријаде може слободно повторно да вечерате, т.е. двапати да вечерате ама ќе јадете исто што сте јаделе за вечера.
И треба да имате 4-5 саати размак помеѓу оброците. Ова не е диета туку правилен начин на исхрана, се си јадете само се внимава на комбинациите. Јагленохидратите и шеќерите внесени за доручекот се трошат во текот на денот, ручекот е нормален а вечерата е лесна и без леб. За вечера имате белковини и протеини што значи дека ќе слабее салото а не мускулите, од ништо не сте лишени, се се јаде.
Мајка ми за еден месец ослабе 7 кила а јас за 10 дена 4 кила.
Ако некој реши да го проба овој начин на исхрана нека пише ќе напишам подетално што со што да се комбинира
А ќе заборавев, јас и немам некоја физичка активност,онака нормално што се движам инаку не вежбам."
јас ја почнав вчера и немам ни малкку потешкотоии.ке видиме резлутати.
Благодарам.Уште денес ќе ја почнам!