Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
Hanyy : sho znace dreambox?
Tanjushkaa : ete]
Justbeautiful : pishi mi i mene :)
Tanjushkaa : На сите ви пишав ниедна не ми врати хахахахахах
»
 

Анонимна
22.02.12 @ 11:00
Прегледи: 90

iskusni help me

devojki aj ve molam daj te mi nekoe video ili slika kako se koristat tamponite.. ve molam .. fala

#1464334
Рејтинг: 0
Објави на Facebook
Тагови: iskusni help me 
Анонимна - 22.02.12 @ 11:01 Re:iskusni help me

i kako vsushnost izgledat

maree - 22.02.12 @ 11:04 Re:iskusni help me

Некои жени користат исклучиво тампони, додека некои не сакаат ни да слушнат за нив. Можеби проблемот лежи во тоа што не знаат како да го вметнат тампонот на правилниот начин. Исто така и девојките кои што сеуште немале сексуални односи можат да ги користат тампоните.



Тампоните можат да Ве “спасат“ во многу деликатни ситуации. Многу е полесно да се бањате, да вежбате итн, ако користите тампон. Но, постојат и периоди кога тампоните можат да го направат менструалниот период уште понепријатен отколку тој што навистина е. Иако постојат различни големини на тампони, сеуште може да почувствувате нелагодност и болка кога ќе вметнете тампон.

Тампонот кој што е неправилно внесен предизвикува болка

Ако тампонот правилно го вметнете, не би требало ништо да почувствувате. Ако почувствувате болка, тоа значи дека тој не е правилно вметнат. Некои жени чувствуваат болки во вагината, грбот и абдоменот. Болките во грбот се несакан ефект кога жената има менструално крварење. 

Болката е нормална во случајот кога утерусот кој што е полн со крв притиска на задниот дел од телото. Од друга страна, пак, болката во грбот може да се почувствува кога тампонот неправилно ќе се вметне. Истото ова важи и за абдоминалната болка која што се јавува при неправилно вметнување на тампонот. Само во многу ретки случаи, болката која што е предизвикана од тампонот индицира дека имате некој посериозен проблем.

Како да го вметнете тампонот без болки?

Користете лубрикант

Најчестата причина за болка е недостатокот на влажност во вагината. Овој проблем се јавува кога жената пробува да го вметне тампонот кога крварењето е веќе при крајот. За жените кои за првпат ги користат тампоните, се препорачува да ги користат во првите неколку денови од започнувањето на крварењето бидејќи тогаш ќе можат да го вметнат тампонот без никакви потешкотии.

Кај жените кои што имаат мало крварење и недоволна лубрификација во вагината, вметнувањето на тампонот може да биде многу непријатно и како резултат на тоа, жената никогаш повеќе да не користи тампони. Ако имате крварења кои што не се обилни и сува вагина, користете лубрикант.

Ако крварењето е многу слабо, најдобро е да вметнете тампон кој што помалку апсорбира, за да не се апсорбира и така малата влажност која што е останата. За лубрификација, користете лубрификанти на база на вода.

Обидете се да се опуштите кога го вметнувате тампонот

Некои жени искусуваат многу проблеми кога ќе пробаат да го вметнат тампонот. Исто како и при сексуалните односи, жената треба да биде во определена положба со што ќе ги релаксира вагиналните мускули. Најдобро е да се седне или да се легне. Но, тоа понекогаш не е возможно, бидејќи жената најчесто мора да го смени тампонот во тоалетот. 

Најдобро е да се клекне или пак едната нога да се стави на кадата од бањата. За да го вметнете тампонот, потребни Ви се и двете раце. Со едната рака ќе го држите тампонот, додека со другата ќе ги разделите усните на вагината. Тогаш ќе го вметнете тампонот, буткајќи го со прстот. Ако Ви е прв пат, можете да користите огледало. За краток период, тоа нема да Ви биде потребно.

Девиците исто така можат да ги користат

Многу од жените имаат предрасуди дека е опасно да се користат тампони пред првиот сексуален однос. Ова, секако не е точно. Денешните девојки се многу повеќе активни за разлика од порано и поради тоа не е невообичаено нивниот химен да е скинат и пред првиот сексуален однос.

Апроксимативно, 2% од сите жени се родени со екстремно цврст химен и како резултат на тоа не можат да го вметнат тампонот. Но, за сите други, хименот не би требало да претставува причина за да не се користат тампоните. За почеток, се препорачува да се користат најмалите тампони. Во никој случај, нивната употреба нема да има ефект на девственоста. Во денешно време, игноранцијата и недостатокот на знаење за женската анатомија се единствените причини зошто хименот е толку тесно поврзан со девственоста. Но, и покрај тоа, некои жени сеуште со сомнеж гледаат кон користењето на тампоните.

srckuska - 22.02.12 @ 11:49 Re:iskusni help me

Како правилно да користите тампони?

 

Што треба да знаете за тампонот...

Доколку се одлучите за употреба на тампон, тогаш треба да знаете неколку работи поврзани со неговата употреба. Тампоните може да бидат во различна големина, а најмалите т.н. мини може да ги користат и девојки што немале сексуален однос.

Кои се ваши задолжителни обврски...

Прочитајте го внимателно упатството на производот пред употреба. Покрај сликите што ќе ви помогнат како да го внесете тампонот во вагината, постои и предупредување за опасност од употреба. Станува збор за токсичен шок-синдром кој се јавува во ретки случаи, но може да биде смртоносен.

Пред употребата на тампон, измијте ги рацете. Во некои производи може да најдете и упатство што ќе ви помогне при внесување на тампонот. Тргнете ја заштитната фолија и никако не кинете го конецот кој се наоѓа на дното од тампонот.

Изберете позиција на телото што ќе ви одговара за внесување на тампонот. Некои девојки тоа го прават стоечки, други во клекната позиција. Никако немојте да го внесувате тампонот додека сте на веце-шолјата. Тоа воопшто не е хигиенско и може да навлечете инфекција.

Како да го внесете тампонот...

Внесете го тампонот полека, со тоа што страната со конецот ќе ви остане однадвор. Доколку е правилно наместен, нема да чувствувате болка по неколку секунди. Доколку чувствувате болка при седење или движење, значи дека е потребно тампонот да биде подлабоко внесен во вагината.

Иако изгледа комплицирано, всушност употребата на тампон може да биде истовремено практична и едноставна. Особено ако треба да одите на настан кој од вас бара да изгледате гламурозно, а сметате дека влошката не е вистинско решение за вас.

Летото е период од годината кога употребата на тампонот е зачестена. Сигурно не би сакале да го поминете одморот во хотелската соба и да ги пропуштите сите случувања. Во вакви и слични ситуации тампонот е идеално решение за вас!

 П.С http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6BAA8C8DD012BB4CB9BC9FBC647151B2

sofija27 - 23.02.12 @ 23:17 Re:iskusni help me

najednostavno drzigo so palecot i pokazalecot a so sredniot prs turni nagore,tamponot treba da e sto povnatre.kratko i jasno :)