Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
Hanyy : sho znace dreambox?
Tanjushkaa : ete]
Justbeautiful : pishi mi i mene :)
Tanjushkaa : На сите ви пишав ниедна не ми врати хахахахахах
»
 

nake
24.01.12 @ 16:32
Прегледи: 86

ОДЕЊЕТО Е КОРИСНО ЗА ВЕНИТЕ

ОДЕЊЕТО Е КОРИСНО ЗА ВЕНИТЕ  




Капиларите на нозете (Италијанците ги нарекуваат "пајажина или мрежата на пајакот") и видливите проширени вени го погодуваат скоро целото човештво, особено женскиот пол.




Жените заболуваат три пати почесто отколку мажите, при што многу важна улога играат и хормоните. Капиларите се само естетски проблем, но покасно, кога ќе се појават вените, оваа појава станува се посериозна. Според една веќе објавена студија, 55% од жените кои се постари од 30 години имаат проширени вени, поради што како прв симптом се појавува чувство на тежина во нозете поради заслабената циркулација.

Летото е време кога овие симптоми се зголемуваат, најчесто се чувствуваат навечер, после завршениот работен ден. Покрај тежината во нозете, можат да се појават и отоци кај зглобовите, чешање, болки во листовите на нозете.

До појавата на видливи капилари и проширени вени доаѓа поради слабеењето на ѕидовите на тие крвни садови, а причините можат да бидат и наследни, потоа долгото време кое го поминуваме во седење или стоење во место во текот на денот, дебелината, предменструалните синдроми, пилулите за контрацепција...


. Одењето е најдобрата превенција ги ублажува овие непријатни појави, најдобро е три пати дневно, по половина час.  На тој начин се активираат мускулите кои ја забрзуваат венската циркулација.

. Треба да се избегнува носењето на тежок товар.

. Препорачливо е во постелата да се подметнат перничиња под нозете, кои се околу 10 центиметри повисоки од душекот, а кога се седи во фотеља, тогаш нозете да се стават на табуретка.

. Масажата на нозете се прави од петиците кон прстите и од зглобовите до препоните, значи одоздола кон нагоре.

. Помагаат мачкањето со препарати, гелови и масти врз база на див костен, боровница, масло од семенки од грозје.

. Носењето на медицински чорапи, чија што широчина и степенот на стегање ги одредува лекар, помага кај многу проширените вени.

. Од спортовите, најдобри се пливањето и возењето со велосипед.

#1405140
Рејтинг: 1
Објави на Facebook