09.02.12 @ 19:45
Прегледи: 120
dali e vozduh toa sto go dises REALIZAM
,,РЕЛАНОСТА ИЛИ САМО СЛИКАТА”
Седам.Гледав надвор во ширините на полето сонцето преку прозорецот се обидуваше да навлезе во мојата соба.Прозорецот беше затворен но ветерот како да се играше со мојата коса,се изгледаше прекрасно но моите мисли беа на другото место, она реалното каде светот е суров.
Си мислев колку луѓето се наивни веруваат во она што е само слика на убавото каде некој друг ни ја крои реалноста.И покрај очите сме слепи си мислиме различни сме, велиме биди она што си не што другите ни велат но дали сме?
Не сме! и ако набрзо не се пробудиме од овој лош кошмар засекогаш ќе останеме дел од него,заробени во некој туѓ свет создаден за да не уништи.
Ние повторуваме,вечно повторуваме едно исто,грешките не уништуваат а ние пак остануваме исти.
Си мислите убав е животот,имате работа,деца, куќа пријатели нематe проблеми...но не се прашувате зошто ни како?Епа луѓе размисливте ли кој го скрои тој живот совршениот,кој ја создаде таа работа,од какво друштво стануваат дел вашите деца,проблеми...проблемот е тука не се осмелувате да го погледнете но тој живее со нас,како нас во нас!
Сите стануваме робови на времето,тоа тече уништува се пред нашите очи а ние стануваме копија на се што ќе видиме на тв-то, на интернетот на се што другите го прават,се чуствуваме исто,работиме исто сите сме под влијание на таа енергија!Па зошто сме исти?Исти сме бидејќи нашиот ум не оди подалеку од она што го гледа,слуша или работи,ние сме хипнотизирани живееме во еден свет ладен без вистинска љубов,чуствуваме дека нешто не е во ред но немаме храброст да ги отвориме очите и да кажеме дека е доста,едноставно да се пробудиме од овој долг сон и да направиме нешто важно.
Оние кои се пробудиле го нашле својот спас обидувајќи се да ги пробудат оние кои сеуште спијат,тие велат да ја кренат револуцијата a луѓето мислат луд е овој,некои пак дека малцинството не може ништо! Но верувајте може, самите луѓе со тоа што ќе разберат што стануваат ја креваат револуцијата, се борат против она што не уништува но дали така ќе направиме дали ќе влеземе во реалноста каде не е се прекрасно и убаво каде сме само ние...тоа не го знаеме и нема да успееме додека не се пробуди и последниот сонувач кога ќе го ослободи умот и кога со неговото тело ќе почне да владее срцето и вистината, а не невидливоста која не зароби во мразењето и негативната енергија.
Затоа кога идниот пат ќе излезеш надвор со намера да го направиш исто ќе воздивнеш но размисли-Дали е воздух тоа што го дишеш?
Преубаво.
Ако е твое, секоја чест!
Ти го напиша?
П.С. Преубаво е..
DA JAS GO PISUVAV ME INSPIRIRA REALNOSTA
FALLLA NA SITE STO OSTAVIJA KOMENTAR LIKE I OD MENE DO VAS!!!
Neverojatno!!! Preubavo :)
falla ti mnogu a i mnogu mi znacat komentarite kiss