Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : link?
Llovemode : хат
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
Hanyy : sho znace dreambox?
Tanjushkaa : ete]
»
 

michey
14.02.12 @ 21:17
Прегледи: 250

Љубов,Снег и Новогодишна вечер....

Љубов,Снег и Новогодишна вечер

Декември...
Падна и првиот снег.Движејќи се низ улиците на сите страни се гледаат малечки и нежни топчиња кои танцуваат како балерини и се радуваат на прекрасниот студен Декемвриски ден.Се гледаат и црвени носиња замрзнати од студ кои светкаат како рубини низ белата и нежна покривка.Беше ладно и снежно,напрозорците на куќите се гледаа нашарани фигури а ако се продлабочеше со мислите наликуваше на замрзната градина распослана со сребро и снежни и слатки плодови во неа.Кон оваа божествена глетка замешан беше и палавиот ветер кој се движеше со најголема брзина и испушташе чудни звуци.Вавко време беше погодно за заљубување а на секого му е потребен по еден зимски партнер за греење во студот. Во домовите камините забрзано ги топеа дрвјата,чајникот беше постојано во акција,а тропкањето на шолјите се слушаше и дење и ноќе.Низ улиците во вечерните часови се минуваше без страв и проблеми,бидејќи беше пренакитено со различни новогодични сијалички,снежни украси,од сите страни се слушаше новогодиша музика а Дедо Мразите низ чаршијата забрзано се движат и испуштаат различни мелодии со ѕвончињата.Шетајќи така на сите страни со другарките и со придружба на снежните топчиња што ни паѓаа на очите, стигнавме до паркот а таму забележавме група ученици кои се расправаа каде да ја минат новата година.Меѓу групата на младите имаше и еден плав дечко а неговите очи светкаа како сини бисерчиња.Се поздравивме и тргнавме по снежната крцкава обвивка оставајќи траги зад нас.Насекаде го гледав тој совршен лик,таа насмевка и тие очи кои ме возбудуваа.Со насмевка до ушите и со забрзано дишење се вратив во мојот прекрасно украсен новогодишен дом.На масата ме чекаше топла чинија со супа и шолја со чај.Супата не ја ни допрев а врелата шолја со чај ја зграбив со замрзнатите прсти и се стрчав низ вратата.Брзајќи така ја истурив врз мене но воопшто не забележав бидејќи мислите ми талкаа некаде низ снежните паркови а во главата ми светкаа ѕвезди.Ги облеков топлите пижами и волнените чорапи,набрзина се стуткав во топлата постела.Времето беше тивко, се слушаше само чукањето на моето срце и виолинските звуци на ветерот кои со своето струење го носеа убавецот од паркот до мене,блиску до креветот...



#1451890
Рејтинг: 10
Објави на Facebook
llovemode - 14.02.12 @ 21:18 Re:Љубов,Снег и Новогодишна вечер....

Preubava prikazna :D 

radmila95 - 14.02.12 @ 21:20 Re:Љубов,Снег и Новогодишна вечер....

Ubavo e. :)

party-queen - 15.02.12 @ 14:10 Re:Љубов,Снег и Новогодишна вечер....

Интересно :]