Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : link?
Llovemode : хат
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
Hanyy : sho znace dreambox?
Tanjushkaa : ete]
»
 

shadylady5
05.02.12 @ 19:42
Прегледи: 165

Вештерки - Четврти дел

Кога влегоа во куќата на главната вештерка, таа веднаш ги прими. Главната вештерка беше постара и имаше блескаво долга руса коса и зелени очи како смарагди. На главата носеше круна.

- Добредојдовте девојки. Како сте?

Дорис одговори:

- Супер сме мајко. Денес се случи нешто необично.

Главната вештерка на тоа загрижено праша:

- Што се случи? Повторно да не се дигна некој бунт од страна на смртниците? 

Емели одговори:

- Не мајко. Денес сретнавме едно девојче. Имаше виолетова коса и виолетови очи. Токму како што вие ни ја опишавте вештерката на играта. Таа ни раскажа дека токму направила таква магија сите да играат без нивна волја.

На тоа главната вештерка рече замислено:

- Хмм, мора да е таа штом тоа го сторила. Но, сите мислевме дека е мртва. Девојки  ви давам дозвола утре да ја повикате со вас и да ја донесете кај мене. Сакам да ја запознаам. Да видам дали навистина е тоа нашата изгубена вештерка на играта.

Софија рече:

- Ќе ја донесеме мајко. Ама прво треба да ја убедиме да ни верува и да сака да дојде со нас. Треба да и кажеме кои сме ние и што всушност е таа. Но, тешко ќе биде ако ни поверува. 

Главната вештерка рече:

- Ви посакувам среќа ќе успеете. Утре ве чекам со девојчето кај мене.

Дорис рече:

Да мајко ќе ја донесеме.

И заминуваат од куќата на главната вештерка.

Изутрина Дорис, Емели и Софија повторно отидоа во реалниот свет да се најдат со Нина. Нина ги чекаше на истото место каде што беше и вчера.

Дорис ја поздрави:

- Здраво Нина, како си?

Нина одговори:

- Супер сум, вие како сте?

Дорис одговори:

- И ние исто. Нина, сакаме ние нешто да разговараме со тебе. Ти вчера кога ни кажа дека си направила сите да играт без да сакат, ние се распрашавме и можеби ти си како нас.

Нина рече:

- Не разбирам? Како вас? 

Дорис и објасни:

- Нина, ние сме вештерки. Јас сум вештерка на љубовта, Емели е вештерка на книгите и учењето и Софија е вештерка на музиката. Ние веруваме дека ти си нашата изгубена вештерка на играта. И сакаме да дојдеш со нас кај нашата главна вештерка. Таа сака да те виде.

Нина одговори:

- Јас вештерка? Вие се шегувате со мене? Не е можно

Софија одговори:

- Не плаши се Нина и ние бевме такви кога дознавме. Ќе дојдеш ли со нас?

Нина одговори:

- Па, немам друг избор. Тука никој не ме сака, а вие ме сакате и ви верувам. Ќе дојдам со вас каде и да посакате.

Емели рече:

- Во ред ајде со нас да одиме во нашиот волшебен свет.

И тие ја поминаа вратата и за миг се најдоа во волшебниот свет....

                             ПРОДОЛЖУВА....

 http://glamstik.mk/stories/literatura/vesterki-prv-del/  - Првиот дел

http://glamstik.mk/stories/literatura/vesterki-vtor-del/ - вториот дел

http://glamstik.mk/stories/literatura/vesterki-tret-del/ - третиот дел

#1432492
Рејтинг: 0
Објави на Facebook
becauseofyou - 18.02.12 @ 19:01 Re:Вештерки - Четврти дел

убаво е, следен дел инбокс :):)