Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : link?
Llovemode : хат
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
Hanyy : sho znace dreambox?
Tanjushkaa : ete]
»
 

shadylady5
05.02.12 @ 20:36
Прегледи: 91

Вештерки - Петти дел

Кога Нина го виде волшебниот свет се воодушеби. Таква убавина до сега не е видела.

- Тука е многу убаво, се е весело.

Дорис рече:

- Да прекрасно е. Но, ајде да одиме, главната вештерка, нашата мајка не чека.

И тие повторно отидоа во куќата на главната вештерка. Таа кога ги виде се израдува. И рече на Нина:

- Здраво, ти си сигурно Нина, така?

Нина одговори:

- Да јас сум Нина. Вие сигурно сте главната вештерка?

На тоа главната вештерка одговори:

- Да. Слушнав од моите три вештерки дека си можела да ги натераш луѓето да играат без да сакаат. Точно ли е тоа?

Нина одговори:

- Да, точно е тоа. За тоа никој не ме сака и ме нарекуваат чудна.

Главната вештерка на тоа рече:

- Тука кај нас можеш тоа постојано да го правиш. Ние тоа го викаме моќ или дарба. Секоја вештерка си има своја дарба или моќ. Ти си вештерката на играта. Добредојде дома мила. Сите мислевме дека си мртва.

Нина одговори:

- Благодарам, главна вештерке, би сакала да останам тука со вас, но јас имам живот таму во реалниот свет. Имам и родители. Но, ако треба да останам тука ќе останам, затоа што тука се чувствувам посреќна за разлика од реалниот свет. 

Главната вештерка рече:

- Би ни било мило да останеш со нас. Ти не грижи се за твоите родители. Ќе направиме да не се сеќаваат на тебе, како да не си ни постоела. Така нема да бидат тажни и да тагуваат по тебе. А, ти ќе останеш тука со нас и ќе живееш среќно. Дорис, Емели и Софија се твоите сестри, а јас сум твојата мајка. Остани те молам.

Нина одговори:

- Во ред, мајко ќе останам. Од денес започнувам нов живот. Живот како вештерка на играта. 

- Главната вештерка рече:

- Мило ми е Нина што ќе останеш. Користи ја твојата моќ за добри цели. Но, пази се од злобната вештерка. Таа ако чуе дека си тука, ќе сака да те убие.

Нина одговори:

- Ќе се чувам. И моите сестри исто така ќе ме чуваат. 

- Да ќе те чуваат. Во име на вештерството ја прогласувам Нина за вештерка на играта. Сега сте слободни одете.

И 4 - те вештерки си заминаа. По неколку дена, злобната вештерка чула за враќањето на Нина, вештерката на играта и тргна за да ја убие. Пустошеше низ градот, убиваше џуџиња, вештерки...

Дорис им рече на другите:

- Мора да превземеме нешто. Злобната вештерка ќе ги убие сите.

Нина рече:

- Јас ќе бидам мамецот. Ќе ја намамиме злобната вештерка на рамнината и ќе ја уништиме.

Дорис рече:

- Добра идеја Нина. Веднаш да го направиме тоа.

Нина отиде таму каде што пустошеше злобната вештерка и и рече:

- Еј злобна вештерке, мене ме бараш? Еве ме, дојди по мене.

И Нина тргна накај рамнината.

Злобната вештерка тргна по неа и велеше:

- Ќе те фатам вештерке на играта, ќе те убијам.

Кога дојдоа до рамнината, таму беа Дорис, Емели и Софија.

Дорис ги кажа магичните зборови:

- Во име на љубовта и среќата нека сопре да уништува злобната вештерка.

Емели исто така ги кажа магичните зборови, поврзувајќи ги со зборовите на Дорис:

- И нека се собере целото знаење и нека ја уништи злобната вештерка.

Потоа се надоврзи и Софија:

- И нека музиката ја уништи злобната вештерка, како што таа уништуваше се.

И на крајот Нина доврши:

- И нека заигра моќта на вештерките и нека го уништи ова зло.

И сите заедно во еден глас:

УНИШТИ СЕ ВЕШТЕРКЕ, СО ПОМОШ НА НАШИТЕ МАГИИ

И во тој момент злобната вештерка беше уништена. Нашите вештерки беа спасени и целиот волшебен свет беше спасен. Во тој момент дојде главната вештерка и им даде пофалници и ордени:

- Во чест на волшебничкиот свет, вас ве прогласувам за хероини на тој свет. Да живеат 4 - те вештерки.

Дорис рече:

- Благодарам мајко. Ние сите успеавме да ја уништиме злобната вештерка. Од денес па натаму нема опасност за нашиот свет.

И така си живееја среќно до крајот на својот живот.

                                     КРАЈ !!!

http://glamstik.mk/stories/literatura/vesterki-prv-del/ - Првиот дел

http://glamstik.mk/stories/literatura/vesterki-vtor-del/ - Вториот дел

http://glamstik.mk/stories/literatura/vesterki-tret-del/ - Третиот дел

http://glamstik.mk/stories/literatura/vesterki-cetvrti-del/ - Четвртиот дел

#1432652
Рејтинг: 3
Објави на Facebook
beyonce97 - 05.02.12 @ 20:41 Re:Вештерки - Петти дел

Интересно..:)

shawty12 - 05.02.12 @ 20:47 Re:Вештерки - Петти дел

многу ми се допаѓа твојата фантазија, многу е интересно 

srcka-ta - 05.02.12 @ 20:50 Re:Вештерки - Петти дел

Очекував многу поинаков крај. Но сепак, ми се допадна и ова. :)

shadylady5 - 06.02.12 @ 10:17 Re:Вештерки - Петти дел

Фала многу :))