Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : link?
Llovemode : хат
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
Hanyy : sho znace dreambox?
Tanjushkaa : ete]
»
 

shadylady5
12.02.12 @ 18:19
Прегледи: 106

Височините на самракот прв дел

Многу одамна, се наоѓаше еден прекрасен дворец изграден на висока карпа веднаш до Средоземното Море. Во него живееше познатиот гроф Кристофер. Грофот Кристофер беше човек на 40 год. Беше средно висок и слаб. Имаше кратка побелеана коса. Неговите очи беа костенливо кафеави. Тој не беше женет. Имаше помала сестра која беше мажена во Унгарија за некој богат унгарец. Тој поседуваше голем имот. Немаше многу пријатели, но имаше и непријатели. Тој имаше еден батлер кој се викаше Џејмс. Беше стар и изнемоштен, но сеуше служеше во дворецот. Исто така имаше и една верна слугинка која се викаше Марија. Таа сигурно имаше 30 год. Исто така тука беше и готвачот кој се викаше Лука. Лука многу ја сакаше Марија, но никогаш не и признаваше. Една вечер, кога сеуште беше самрак, додека грофот Кристофер беше во неговата работна соба, дојде Марија и му рече:

- Ваше височество, дојде да ве посети вашиот пријател.

Грофот Кристофер одговори:

- Во ред, Марија нека влезе го очекувам.

Потоа, дојде еден висок човек облечен во смокинг, кој најверојатно беше некаков службеник. Се викаше Карло. 

Грофот Кристофер праша:

- Добра вечер пријателе како си?

Карло одговори:

- Добро сум грофе. Ви носам прекрасни вести.

Грофот Кристофер се израдува:

- Какви?

Карло одговори:

- Спорот на судот го добивме. Можете да градите на тоа подрачје. И г-динот Рисав треба да ви плати сума од 100.000.

Грофот Кристофер на тоа рече:

- Баш ми е мило, Карло. Сакаш да се напиеме чај?

Карло одговори:

- Не, јас си одам. Имам работа друг ден благодарам, се гледаме повторно грофе.

И Карло си замина без никој од вработените да го забележи.

Грофот Кристофер остана да работи во својата работна соба. Одеднаж некој излезе од темното ќоше на собата.

Грофот Кристофер рече:

- Што бараш ти тука? Како влезе?

Непознатиот човек не одговори ништо, само се доближи до грофот Кристофер и  со еден нож со две сечила и златна рачка украсена со сафир и смарагд го уби грофот Кристофер.

По некое време дојде Марија и кога ја отвори собата.....

                         ПРОДОЛЖУВА....

#1447957
Рејтинг: 1
Објави на Facebook
tuttifrutti2114 - 12.02.12 @ 18:21 Re:Височините на самракот прв дел

Многу интересна приказна. Една од најинтересните што сум почнала да ги читам, зошто скоро сите се љубовни а јас не сакам љубовни. Чекам 2 дел :)

shadylady5 - 12.02.12 @ 19:19 Re:Височините на самракот прв дел

Фала :))