Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : link?
Llovemode : хат
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
Hanyy : sho znace dreambox?
Tanjushkaa : ete]
»
 

shadylady5
12.02.12 @ 18:49
Прегледи: 92

Височините на самракот втор дел

Кога Марија ја отвори собата, го виде кутрото безживотно тело на грофот Кристофер. Таа пискаше на цел глас:

- Помош, грофот Кристофер е мртов!!

Во работната соба дојдоа Џејмс и Лука. И тие го видоа безживотното тело на грофот Кристофер.

Марија веднаш повика полиција.

За тој дел беше задолжен детективот Жак Дибуа со неговиот тим, Мишел Лучар форезничар и нејзиниот помошник Марк Вишо. Исто така дојде и патологот Матие  Калил.

Детективот Жак рече:

- Грофот Кристофер роден 1875 год. мајка англичанка Роуз и татко французин Франсоа. Своето школување го завршил во Париз. Има помала сестра Лиза, мажена во Унгарија. И сега тој лежи мртов овде во неговата работна соба. Г-ѓице Марија, дали некој го посети грофот Кристофер овие денови?

Марија одговори:

- Да детективу. Пред некој ден дојде неговиот пријател од Англија, а пред 3 часа дојде г-динот Карло.

Детективот Жак праша:

- Матие, колку време е мртов нашиот гроф?

Матие одговори:

- Па според изгледот, најмалку 3 часа. Прободен е со нож со две сечила. Убиецот сигурно го зел ножот со себе. Но, најдобри информации ќе добиеме по аутопсијата.

Детективот Жак праша:

- Г-ѓице Марија, кажете ми нешто за тој г-дин Карло?

Марија одговори:

- Г-дин Карло, е адвокатот на грофот Кристофер. Имаа еден спор со еден господин хмм не се сеќавам добро на неговото презиме и мислам дека г-динот Карло дојде да му каже нешто на грофот Кристофер за тоа.

Детективот Жак праша:

- Додека тој г-дин Карло беше овде, дали тие се караа или не?

Марија одговори:

- Не детективу, тие разговараа мирно.

Во тој момент, додека детективот Жак и Марија разговараа, дојде Мишел и му рече на детективот:

- Детективу Жак, видете пронајдовме еден скапоцен камен. Ми личи на сафир.

Детективот Жак праша:

- Веднаш однесете го на испитување. Г-ѓице Марија дали грофот Кристофер имаше дома скапоцени камења?

Марија одговори:

- Колку што знам нема.

Детективот Жак рече:

- Ова сигурно мора да е од убиецот. Мора да дознаеме се. Не грижете се Марија, ќе го фатиме убиецот и ќе му пресудиме.

Детективот Жак му рече на Марк:

- Марк, сакам да ја дознаете адресата на г-динот Карло и со Мишел одете таму и дознајте зошто го посетил грофот Кристофер.

Марк одговори:

- Во ред детективу. Веднаш одиме....

 

                           ПРОДОЛЖУВА....

 http://glamstik.mk/stories/literatura/visocinite-na-samrakot-prv-del/ - Првиот дел

#1448041
Рејтинг: 0
Објави на Facebook
tuttifrutti2114 - 12.02.12 @ 18:52 Re:Височините на самракот втор дел

супер :)

shadylady5 - 12.02.12 @ 18:54 Re:Височините на самракот втор дел

Фала :))