13.02.12 @ 18:53
Прегледи: 294
Вреди ли?
Приказнава се состои од куп нафрлани зборови, навидум поврзани со некаква жичка, која професор(к)ите по македонски јазик ја викаат тема.
Немам тема. Ми дојде да пишувам.
Пишувам за љубовта. За толеранцијата и разбирањето.
За мене и за тебе, бидејќи сите сме тесно поврзани.
Твојата постапка може утре да ме убие или да ме спаси.
Додека живееме и се разлеваме по деновите на животот како мастило врз хартија, поминуваме неколку „школи“ во исто време.
Прва е основната - она што се содржи во вистинско училиште. И не мислам само на учебниците, лектирите и задачите. Социјализирање, запознавање, реагирање и мислење. Тоа е многу побитно. Се трудите да добиете петки, мислејќи дека тоа е најбитниот и највисокиот успех, а всушност, добивате многу поголемо искуство со самото присуство во училницата. Размислете.
Од постарите често ќе чуете „животна школа“. Тоа е втората. Она вон училиштето и вон домот, кое ве учи како да преживеете во џунглата на своето општество. Таа е многу побитна од првата, но помалку битна од последната.
Школата на љубовта. Ви паднало ли на памет?
Работите, студирате, учите...
Дали сакате?
Не мислам на вашите симпатии и дечковци.
Дали сакате?
....
Знак прашалник? Ве збунив?
Видете се убаво, погледнете си ја душата.
Можете ли да сакате?
Да ги сакате луѓето, животните, цветот, водата?
Го цените ли мирот или сте склони кон карање?
Не им се смејте на другите ако се лизнат на мразот. Подајте рака и помогнете им да станат. Не ги туркајте уште подалеку. Ако ве повредат, не барајте одмазда во крв. Одмаздете се со љубов. Не им судете на сите кои се поразлични од вас, прифатете ги. Тие не живееле исто како вие. Не можете да изгубите ништо. Само да научите нешто поинакво.
За крај... Животот е училиште на љубовта.
Некои завршуваат факултет, а некои едвај поминуваат прво одделение. 
Видете се убаво, погледнете си ја душата.
Можете ли да сакате?
Убаво прашање коа навистина треба да се размисли пред да се одговори..
Љубовта не е само ТЕ САКАМ!
Точно, се согласувам со работиве а и постот ми се допадна.
Посебноделот почнувајќи од НЕ ИМ СЕ СМЕЈТЕ НА ДРУГИТЕ АКО СЕ ЛИЗНАТ НА МРАЗОТ ...
Одлично :)
Вауу Бубаче, те молам почесто почестувај не со вакви постови. (: