Share Page
 
 
Chat
Sweetheart1 : Missy1 dojdi na fb
Tanjushkaa : link?
Llovemode : хат
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
Hanyy : sho znace dreambox?
»
 

inna5
04.02.12 @ 14:55
Прегледи: 225

Напишаното останува

Низ оној недоглед на денот,

јас го пишувам овој стих.

Копнежот го пробиваше погледот

и удираше во стиховите на хартијата.

Спомените сеуште сведочат

како вечен продир на минатото.

А јас, незапирајќи пишував полека

со сјајот на љубовта.

Се воздржав од понесот на сувиот ветер,

силниот копнеж во градите сеуште тлееше...

Времето поминува.

Утрото доаѓа.

Занеменувам од болката

која ме понесува кон иднината.

И повторно помислувам

на стиховите пресушени на листовите хартија...

Молкот демнее...

-Напишаното останува.

#1429006
Рејтинг: 6
Објави на Facebook
thegirlinlove - 04.02.12 @ 15:06 Re:Напишаното останува

Prekrasno!<333

pokerface - 04.02.12 @ 16:58 Re:Напишаното останува

Браво. Прекрасно е.