Share Page
 
 
Chat
Sweetheart1 : Missy1 dojdi na fb
Tanjushkaa : link?
Llovemode : хат
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
Hanyy : sho znace dreambox?
»
 

bellaspark
12.01.12 @ 00:32
Прегледи: 252

Вистинскиот одраз

Овој текст е посветен за лицемерните девојки, или подобро кажано обичните девојки во ова сурово реално време. Доколку сакате прочитајте, се надевам дека ќе ви се допадне! :)


Изминат период исполнет со здодевност. Шољи чај и по некоја изгасната цигара скрозена во нечистиот пепелник.
Сеќавањето на нејзините долги мистериозни трепки зад кои криеше сребрени зеници, ме тераaa да се запрашам за вредноста на нејзиниот карактер.
Зошто зад сета шминка беше значително изразена ароганцијата. Не, не стануваше збор за потреба од врзување на ѕвездени јазли преку кои ќе ја допре славата на возвишувањето. Туку сончев зрак скриен зад белата завеса. Алчноста од материјалната градина наспроти духовните вредности поттиснати во амез туѓина.
За воља на вистината гордоста беше онаа која не дозволи да каже што навистина сака.
Не си дозволи себе си да тргне со вистинско его, бидејки ќе и судеа оние од кои висеше како марионета на долг конец. Од неа карминот никогаш не успеа да направи самоуверена дама. Но токму зад тој кармин се криеше извештачена насмевка. И само никогаш непонуденот извор на бои имаше значение кое се промолкнува, а се останато беше излишно да се спомене. Овде беа и одговорите зошто беа сторени сите измами, изглумени непријатни драми и интриги на кои беше само присилена да ги рони своите солзи.
Розите со боцки беа нејзина единствена слабост. Само тие ја тераа да се присети на безобразието напишано во дневникот. Жално е само тоа што неможеше да доспее до ножот за да ги исече сите нивни корења. Тие растеа и одново ја повредуваа.
Иако понекогаш се чинеше среќна и покрај сета собрана несреќа, бидејки под нив се криеше внатрешност која многу се разликуваше од нејзината тврдокорна површина.
Никогаш ниту најмалку не наликуваше на она што сиот свој живот се обиде да го прикаже на тацна пред лицата на останатите. Иако поради нив го мина остатокот од својот безначаен живот зад театарот, а не во него. Заглавена во проклето студио со монструми кои од неа бараа само невиност. Тие беа валкани за да им ја исплука истата на дланка. Беше премлада за да ја победи лицемерноста, тоа е утеха! А вистината е нешто друго.
Ако беше толку млада, тогаш како успеваше да го скрие синото ланче во фиоката подарено од човекот со маска?...Едноставно да испари сред бел ден од собата на својот петнаесетти љубовник? Или зарем беше толку вешта за да ѓи гасне свеќите без да се разгорат од претходно посипаниот керозин врз нив?
Гревови...Низ години оскрнавувани.
Срце од камен. Описот за една растурена расипност. Но и таа површина не беше вечна, еден ден од честите удари на мекото дно се распарчи на многу несоставливи парчиња.... На крајот сфатив дека сепак постои надеж. Таа еден ден сепак почувствува. Со леењето на солзите падната на колена ја плати превисоката цена. Овојпат престижот како поим за неа повеќе немаше ниту тронка значение. Остане само копнежот по егото. Или повторно, обичниот древен ракопис на каменот пред да се скрши од брановите агли.

#1368447
Рејтинг: 4
Објави на Facebook
thebitch1 - 12.01.12 @ 00:45 Re:Вистинскиот одраз

АЛО ДЕВОЈКО, ОВА Е ОДЛИЧНО!!!!!!

 Не си дозволи себе си да тргне со вистинско его, бидејки ќе и судеа оние од кои висеше како марионета на долг конец. 

ГО ОБОЖАВАМ ДЕЛОВ! 

bellaspark - 12.01.12 @ 00:50 Re:Re:Вистинскиот одраз

Благодарам thebitch1. Инаку и јас потполно се пронаоѓам во текстов. Искрено инспирирана од самата себе го напишав.

thebitch1 - 12.01.12 @ 00:53 Re:Re:Re:Вистинскиот одраз

Имаме и поетеса значи во т.н ''круг на Гламстик-ерки''.
Aко ова е навистина твое, јас со задоволство го читав.
Алал нека ти е девојко !!! 

bellaspark - 12.01.12 @ 00:58 Re:Re:Re:Re:Вистинскиот одраз

Лично мое е. Не е од никаде копирано или крадено на делови и реченици. А искрено и да сакам да го сторам тоа не умеам бидејки ретко читам книги, речиси воопшто.

thebitch1 - 12.01.12 @ 01:28 Re:Re:Re:Re:Re:Вистинскиот одраз

Тогаш ти имаш вистински талент. 
Совет од мене. НЕМОЈ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ДА СИ СЕ ОТКАЖАЛА ОД ПИШУВАЊЕ!
Те бидува ;) 

xsmileyx - 12.01.12 @ 00:51 Re:Вистинскиот одраз

убав текстов..

becauseofyou - 12.01.12 @ 04:14 Re:Вистинскиот одраз

NO COMENT...Значи преубаво напишано :)

totalnomoderna - 12.01.12 @ 15:14 Re:Вистинскиот одраз

lajk