20.09.09 @ 23:07
Прегледи: 746
COVEKOT NA MOITE SONISTA
Пишувам песна за човекот на моите
сништа,
но кој е тој?
Кој е тој човек кој успеа да ме зароби многу одамна,
и не успеав да го заборавам?
Човекот на моите сништа е само еден.
Оној кој ме зароби со својата појава, со својот дух.
Оној кој знаеше да ме насмее,
но и да ме растажи во оние денови кога не сакаше да биде мој.
Оној човек кој навлезе лесно во моите
сништа,
го зароби моето срце, но не знаеше да го задржи.
Оној човек кој не знаеше да ги цени солзите
пролеани за вистинската љубов.
Човекот на моите сништа е тука, до
мене,
а сепак е толку далеку.
Тој го бара своето второ јас,
а не знае дека веќе го најде.
Бев подготвена да одам таму каде што
ќе ми кажеше тој.
Бев подготвена да го правам тоа што
него го правеше среќен.
Бев подготвена на се, но сега веќе не
знам дали сум?
Дали вреди да бидам се, ако за него не сум ништо?
Дали вреди ова да му го посветам нему?
Ќе знае ли конечнo да го цени сето она
што го направив за наша заедничка среќа?
Не знам...
Човекот на моите сништа ми беше се,
а сега е само еден дел од песна...
Mmm preskrasna e pesnava!!!
mene neso slicno mi se slucuva kako vo pesnava :(
stv ubava pesna ...i jas se pronaogam vo nea....koj ne??? :(:(:(
Bravo! I jas pisuvam poezija... i navistina mi se dopagja kako si go sklopila sevo ova!