20.09.09 @ 23:38
Прегледи: 627
отвори ги очите!!!
"Ако нештата се случат еднаш, не мора да значи дека ќе се повторат, ама ако се случат два пати биди сигурен дека ќе се случат и по трет пат".
Викаат човечки е да се греши, но мене ми се случуваше не да направам една иста грешка два или три пати, туку повеќе пати. Незнам каде да ја барам причината за сето она што ми се случи и што ме доведе во ваква очајна ситуацуја. Можеби бев глупава што верував во непогрешливоста; можеби премногу "розево" гледав на животот,на светот и луѓето; можеби не бев спремна да гледам пореално на работите, којзнае.....?
До пред некое време се измачував барајќи многу одговори на таквите и слични прашања, бев толку упорна, а всушност само уште повеќе ја проширив дилемата. И што постигнав? Се изгубив, некаде и никаде....
Има работи за кои се каеме уште пред да ги направиме, но сепак ги правиме. Времето ме прегази. Луѓето кои беа далеку зад мене, ме надминаа. Пред нос ми ги украдоа сите прилики и можности, а јас.....што правев?......стоев во место и чекав да ме удри тешка цигла за да ги отворам очите и да видам што се случува.
Има работи кои додека не ги научиш неможеш да ги направиш, но уште повеќе се оние работи кои додека не ги направиш и искусиш неможеш да ги научиш..... Нема оправдување, но толку многу гадни работи ми се случија во толку малку време, и додека да се станам, да закрепнам од еден удар, еве го иде следниот, и додека да трепнам еве го и третиот, и сите останати по него... Се исплашив и се што сакав да направам е да ги затворам очите и кога повторно ќе ги отворам се да биде постаро.
Стравот од страдање е полош и од самото страдање....отвори ги очите и соочи се со околностите....кога нештата не зависат од нас многу е важен начинот на кој ќе ги прифатиме...мудроста се состои во тоа да се прифати животот таков каков што е, и само понекогаш да сонуваш каков би сакал да биде.
ova e stvarno preubavo napishano.se soglasuvam potpolno so tebe.;)
