20.02.12 @ 22:30
Прегледи: 52
Otvoriii:)
Се вратив таму, во таа огромна градина, покрај тие дрвја, покрај миризбата од розите која ден денеска ја памтам, се вратив и не планирам да си заминам.Се чувствувам многу убаво, бидејќи опколена сум со оние кои ги сакам, иако тоа се наога само во моите мисли.Беа тоа денови кои никогаш не ги заборавив, иако денеска мојот живот се разликува многу од тој во минатото.Можам да кажам како да сум сосема нова личност само што ете голема случајност се паднала што го имам истото име и презиме кои моите родители со голема љубов ми го дале.
Името ми го дале според мојата баба која иако не ја паметам многу, сепак нејзината љубов оставила голем впечаток кај мене, и како да ја чувствувам нејзината миризба покрај тие рози, или пак можеби таа миризба единствено е присутна во моите мисли.Не е ни толку важно тоа.Важно е дека сепак постои, некаде..
Живеев во едно мало гратче иако за мене беше се што посакував.Kуќата во која живеев беше прекрасна.Прекрасна беше за сите кои живее во нејзе, не дека беше наша,туку бидејќи навистина беше убава.Сите што ќе поминеа покрај неа ќе речеа по некој убав збор, што мене ме правеше горда што живеам во неа, и понекогаш иако несакав се наогав во некои ситуации да се пофалам со тоа.Но, што да се прави имав шестнаессет години, и мојот живот беше како бајка, во која не се знае крајот .Но и кога ќе дојде крајот пак може да се продолжи, такада мојот живот беше , а и сеуште е бајка во која крајот непостои, едноставно е мистерија.
Епа вака, иако поминаа доста години, и незнам дали сеуште моите рози ,т.е розите кои припагаа и на татко ми , дали сеуште ја имаат онаа миризба која ширеше хармонија во нашето семејсто, незнам дали куќата сеуште е толку убава, или сега некој богаташ изградил сосема некоја деуга, стварно незнам, но сосема ја знам вистинската приказна за животот на едно семејство,која сосема сум подготвена да ја раскажам,но секако вистински крај ќе нема, бидејки како што кажав, секој ќе може да го продолжи, но само оној кој ја преживеал вистинската.
Почнав да го пишувам, но секако измислено е:)
бајка во која крајот непостои, едноставно е мистерија :-)
ОК, ти пишувам за да ти укажам на некои грешки.
Прво: негацијата „не“ секаде е разделено. Значи „не сакам“, „не можам“ и слично.
Второ: „така да“ исто разделено.
Имаш „г“ на места каде што треба да стои „ѓ“.
Внимавај на инверзијата.
И пример за запирката:
Се чувствувам многу убаво, бидејќи опколена сум со оние кои ги сакам, иако тоа се наога во моите мисли.
Во оваа реченица или треба да има запирка после „бидејќи“ и пауза и со ова да се нагласи „опколена сум со оние кои ги сакам“; можеш да напишеш и „сум“ пред „бидејќи“ и тогаш нема потреба од таа запирка. Секако, „ѓ“ во „наоѓа“.
Има и на други места такви грешки - со запирките, ако препрочиташ на глас, сама ќе ги најдеш.
Како идеја е убаво и би било интересно, само малку поработи на стилот.
Најпрво сепак го ценам тоа што сакаш да ми го кажеш, но секако тоа е последица бидејќо го напишав за 5-6минути на лап топ:)