Share Page
 
 
Chat
Tanjushkaa : doete xat be
Sweetheart1 : Missy1 dojdi na fb
Tanjushkaa : link?
Llovemode : хат
Tanjushkaa : kutija za sonishta :D
»
 

michey
20.02.12 @ 20:24
Прегледи: 84

Традиција,соживот,љубов и СМРТ! 3 дел :)

3 Дел!

Другиот ден околку 6  часот на утро ја разбуди светлината од сонцето и брат му Валентин кој што скокаше и врескаше од среќа.Александра ставајќи го чаршафот преку поспаното лице го праша што се случило и зошто
одлепил толку.Тој одговори дека треба да стане за да се спремаат бидејки тргнуваат на одмор.На Александра не и се веруваше дека го слуша ова,пет пати препраша и пет пати доби позитивен одговор.Го зеде куферот а внатре стави купишта со облека , цветни венчиња и на крај го зеде и паунестиот розев дневник.Се поздравија со дедо и и баба и и се качија во автомобилот и тргнаа кај родителите на мајка и  во селото кое што беше покрај морето.После 4 саати возење стигнаа во селото,насекаде се гледаа зелени расцветани дрвја,насекаде беше распослан тој зелен килим со шарени цветови,насекаде се ширеше тој нежен  мирис  од љубичици здивот што го запираше и враќаше некаде во меморијата на сеќавањето,придружен беше и ветерот кој доаѓаше на обалата заедно со брановите.Оваа глетка кај Александра будеше копнеж,се отвараше ковчегот на старите спомени кои летаа во воздухот и таа целата се разнежи и фалеше малку за да заплаче.Одејќи така боса по тревата стигнаа до куќата на баба и,веднаш и се стрча впрегратки и силно ја гушкаше а од обалата радосно со рацете мавташе и дедо и кој што се враќаше од риболов и носеше полна мрежа со различни морски животинки на кои штотуку им го унишнил животот.Со Валентин веднаш се стрчаа кон морето ,Александра ги извади апостолките и се стрча во водата која што веќе заладела бидејќи надвор се стемнуваше.Се вратија двајцата,вечераа и се качија во собата.Валентин веднаш заспа бидејки беше уморен од патот а Алескандра се разбира мислеше на убавецот што го виде. Го зеде дневникот во рака и цело време го гледаше тоа што го наслика.Се мислеше што е тоа толку лошо случено помегу нивните семејства,зошто не може да се склучи мир,зошто не може да се спојат,тогаш се би било поинаку...Поминаа 3 недели покрај морето. Беше утро кога Александра ја разбуди лаењето на кучето кое секое утро ја будеше додека живееше во својата куќа ,мислеше дека се наоѓа таму во својата раскошна соба и во својот удобен кревет но кога се размрда  и кога виде дека креветот крцка свати дека се уште е на село.Стана од креветот,излезе од собата и појде кај таткому молејки го да се вратат дома.Татко му се согласи и уште вечерта беа во своето село.Откако стигнаа Александра се распакува се среди и излезе на тераса.Во соседната куќа беше запалено светлото,таа не можеше да се воздржи а да не викне од радост.Полека се спушти низ балконот и се најде директно во дворот.Од другата страна на оградата ѕиркаа две прекрасни сини очиња,Александра веднаш ги препозна.Тивко се поздравија,Андреј ја прескокна оградата и се најде директно во дворот кај Александра.Се прикрадија и тргнаа наоколу да рашетаат.После толку години тие се еден до друг,Александра не изусти ни збор а немаше ни потреба бидејќи Андреј веднаш ја бакна а таа целата се тресеше,здивот и запираше,а пеперутките во стомакот беа толку разиграни што дури и Андреј ги чувствуваше.Тој имал 16 години,учел во гимназијата,тренирал кошарка исто како и неа.После 2 саати додворување,зборување,бакнување,разменување погледи Александра ја повлече раката на Андреј каде што имаше преубав црн часовник и забележа дека е многу доцна 00:00 полноќ.Го замоли да се вратат ,тој се согласи,скина роза покрај патот му ја стави во косата и тргнаа на кај дома.Стигнаа до куќата кај Александра,Андреј и помогна да се искачи на балконот таа му се заблагодари уште еднаш се бакнаа а таа беше пресреќна,ја мирисаше и бакнуваше розата.Ја тргна завесата,влезе тивко во собата а од другата врата нешто како да се движеше,таа само што сакаше да се сврти да види кој е таму,некој го запали светлото.



Линкови од предходните делови:


http://glamstik.mk/stories/razno/tradicija-sozivot-lubov-i-smrt-1-del/

http://glamstik.mk/stories/razno/tradicija-sozivot-lubov-i-smrt-2-del/#cmt_58045

 

#1462051
Рејтинг: 4
Објави на Facebook
stardust - 20.02.12 @ 20:27 Re:Традиција,соживот,љубов и СМРТ! 3 дел :)

Убаво. (:

suadaa - 20.02.12 @ 20:27 Re:Традиција,соживот,љубов и СМРТ! 3 дел :)

Likee :)

sakamtebe - 20.02.12 @ 20:32 Re:Традиција,соживот,љубов и СМРТ! 3 дел :)

preubavo like :) :)  :) ke ima uste delovi? 

michey - 20.02.12 @ 20:37 Re:Re:Традиција,соживот,љубов и СМРТ! 3 дел :)

Da da ke ima ushte nekolku :D