Сабота вечер, во 20 часот, на арената Филип Втори, ќе се случи хуманитарниот концерт на Боки 13 и неговите гости. Шокантно е тоа што Боки, за прв пат на сцената ќе биде облечен како маж.
Тој најавува дека ќе смени три креации и меѓу двата фустани ќе има и машки костум.
На Градскиот стадион, Боки ќе ги пее песните од неговиот прв албум, а на репертоарот ќе ги има и неговите познати имитации на балканските ѕвезди, во придружуба на бендот "Фид бек"
Веќе е познато дека гости ќе бидат Огњан Амиџиќ, но овој пат како Оскар, Тања Савиќ, Милан Станковиќ, Немања Стевановиќ, последните ѕвезди на Гранд, Стоја и Ана Николиќ. Боки линковски ќе се поврзува со големи балкански ѕвезди, кои ќе ги поздрават присутните и ќе испеат по некој рефрен.
Концертот е хуманитарен и средствата се наменети Домот за деца без родители "11 Октомври", Јавната установа за сместување на деца и младинци со воспитно социјални проблеми "25 мај" и јавната установа за деца со пречки во развој "Ранка Милановиќ" од Скопје. Цената на билетот е 150 денари
