21.02.12 @ 02:02
Прегледи: 166
Изреки * Дрвја
Господ ги сака птиците и измисли дрвја.
Човекот ги сака птиците и измисли кафези.
Жак Дивал - канадски новинар
Оној кој сади дрво, сади надеж.
Луси Ларком - американска поетеса
Опшеството успешно расте кога стари луѓе садат дрвја,
во чија сенка знаат дека нема да седат.
Грчка изрека
Она што им го правиме на шумите ширум светот,
е одраз на она што си го правиме себеси и меѓусебно.
Махатма Ганди - индиски водач
Гревот, вината и стравот имаат ист корен -
плодови се на Дрвото на Сознанието.
Хенри Милер - американски писател
Дури и да знам дека светот утре ќе се распадне,
сепак би засадил јаболково дрво.
Мартин Лутер - германски протестантски реформатор
Ние сме грешни не само затоа што сме јаделе од
Дрвото на Сознанието, туку и затоа што не сме јаделе
од Дрвото на Животот.
Франц Кафка - чешки писател
Садете дрвја!
Тие ни даваат две најбитни работи за опстанок:
кислород и книги.
Витни Браун - американски писател и комичар
Првата генерација сади дрвја,
наредната живее во сенка.
Кинеска изрека
*Напомена: јаболкото и јаболкниците се во преносно значење.*
Дури и да знам дека светот утре ќе се распадне,
сепак би засадил јаболково дрво. :)
Овоаа никој не би го направилл :)
Само би го кажал :)
Она што им го правиме на шумите ширум светот,
е одраз на она што си го правиме себеси и меѓусебно.
А дааа ова е најточно :)
Она што им го правиме на шумите ширум светот,
е одраз на она што си го правиме себеси и меѓусебно
Поточно неможе да биде!
Како што ги уништуваат шумите така и самите нас не уништуваат,прво во буквална смисла ради кислородот што ни го зимаат и така натаму а второ и во индиреткна смисла веднаш ти доаѓа на памет И ДРВАТА ГИ УНИШТУВААТ,И СО ВОЈНИ САМИ СЕ УНИШТУВААТ.Едноставно СЕ` УНИШТУВААТ!
Оној кој сади дрво, сади надеж.
Луси Ларком - американска поетеса
Ова баш ми се допадна :)
Она што им го правиме на шумите ширум светот,
е одраз на она што си го правиме себеси и меѓусебно.
Махатма Ганди - индиски водач
-Ovaa najjj!