Име: LiLy-Lazarovski
Презиме: Kitanovska
Датум на раѓање: 06.04.94 @ 00:00
Регистрирана на: 06.01.11 @ 19:26
Последна Најава: 21.05.12 @ 22:17
Локација: Moscow
|
Чувството на љубовта |
|
Да живееш... Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен... Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале. |
|
Најдоброто до мене |
|
Нормално... љубов е она што е. Велат дека е „пеперутка во стомак“, но некогаш знае да излаже, иако тоа никогаш не ми се случило. Токму пред 1,5 година имав „пеперутки во стомак“ кога на клупа седеше личноста која сега ми е дечко и човек што го сакам многу. Нормално, на почетокот сè беше тајно и бевме повлечени во себе и бевме помили. Но, откако помина 1 година од нашата врска повлеченоста исчезна. Ја немаше, и сеуште ја нема. Едноставно, го сакам и како најдобар пријател, брат, но и како дечко. Тој е човек кој што ми помага во секој момент од мојот живот. Без разлика на тоа што скоро сите се против нашата врска, ние се инатиме, но со љубов. Со ништо друго! Докажуваме дека се сакаме. Кога сум со него, ми е најубаво. Се смееме, зезаме. Тоа е љубов. Љубов е прегратка, чиста прегратка. Топло срце, насмевка. Љубовта е живот. Тој го зазема најубавиот дел од мојата сложувалка во срцето. И го молам Бога никогаш да не го загубам тој дел. |
|
Чекорам напред |
|
Врне дождот и не запира. Плаче и тој со мене. Плачев, плачам и продолжувам да плачам, нека течаат солзите како река. Мора да заминам со главата горе, а да ја оставам сенката над минатото зад себе, не смеам еднаш да го погледнам мојот урнат свет. Заминувам без надеж за враќање назад оставајќи ги своите најблиски и најсакани и одам по непознат крај. Чекорам сама по мојата мрачна улица. Секоја вечер од тага срцево ми се кине. Не можам и самата да си објаснам зошто би морало животот да е толку тежок и беден. Но јас верувајќи во себе си реков ќе чекорам напред и само напред пред мојот живот со цел дека некогаш ќе се..... |
|
Те сакав! Но повеќе не! |
|
Оваа писмо го пишувам со цел да докажам дека оној кој рекол дека времето ги лечи сите рани бил во право. Во мојава приказна се започна кога луна паркот стигна во мојот град. Бесе есен, убава и топла есен. Со моите другарки бев отидена во луна парк. Тој стоеше со неговите другари и ми праќаше скришни погледи, а јас усте на прв поглед се вљубив во него не знаејки ни каков е... ни кој е. Поминаа неколку дена, а тој сеуште не го направил првиот чекор, па решив јас да му пристапам прва. Тој насамо правеше разговор со моите другарки. Им рекол дека е вљубен во мене, но дека има девојка и дека поради мене за неколку дена ќе и раскинел на таа девојка. Кога другарките ми го кажуваа сето тоа не можев да поверувам дека тој може да е вљубен во мене. Се случи сето тоа, се запознавме, се фативме. Љубовта ме ослепила, па не можев да ги согледувам добро работите. Стално бевме заедно. Додека одев со него едно момце ми се удвараше, а јас воопшто не му обрнував внимание. По еден месец тој ми рече збогум поради една девојка која му рекла дека го сака, а тој одма тргна по неа и заборави на мене. Јас продолжив и понатаму да го сакам иако тој за мене не сакаше да слушне. Еден месец по нашата разделба јас го заборавив и се фатив со момчето кое ми се удвараше уште кога одев со тој гад. Но овојпат не ја испуштив таа шанса навистина да бидам среќна со некој кој навистина ме заслужува. И сега кога и да го сретнам тој што безмилосно ме остави, тој стално ми праќа скришни погледи и насмевки. Но јас сум во врска со некој кој навистина ја заслужува мојата љубов и никогаш не би ја повторила истата греска да тргнам со некој кој толку ме повредил. Па така дури сега сватив дека времето ги лечи сите рани... колку и да се длабоки тие. |
LOVE LOVE LOVEE
имаш лике за тоа што пишуваш, и јас пишувам слично како тебе, но со мала разлика.. НЕ пишувам за љубов.
Чекорам напред ми се допагна многу, имам напишано слино нa тоа :))
позрадв :**
Дусхааа гледам те бива за пишење.. Би сакала да те замолам да ми напишеше некоја тажна случка, т.е двајца се запознаваат се сакаат и на крај се разделуваат и девојчето пати по него во прво лице. како ти да патиш по некого.. Молим теее и тука објавиго, и коментирај дали ке ми шишуваш. Иначе лике
